Крем салата со јајца и корнишони

Крем салата со јајца, кисели краставички и печурки – од кујната на Марија Кочовска

Кремаста, брза и превкусна! Оваа крем салата со јајца, кисели краставички и печурки е идеална за појадок со кроасан или парче леб, а супер се вклопува и како додаток на ручекот во комбинација со парче месо печено на скара. 

Нискокалорична е (350 калории), вегетаријанска, не содржи глутен и богата со протеини (26 г). Супер избор за целото семејство!

крем салата со јајца и кисели краставички со автор

Состојки:

По желба:

  • Мајчина душица за декорација.
  • Кроасани или парче леб.
  • Зелена салата (рукола, спанаќ, марула…).
Крем салата со јајца со производи

Подготовка:

  1. Варените јајца оставете ги кратко време да се изладат, а потоа излупете ги и исечкајте ги на коцки. Ставете ги во длабок сад.
  2. Киселите краставички и маринираните шампињони исечкајте ги на коцки. Додајте ги во садот со јајцата. 
  3. Додајте и мајонез, сенфот и течноста од киселите краставички. Измешајте ги за да добиете хомогена смеса. Зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус. 
  4. Готовата крем салата со јајца, кисели краставички и шампињони послужете ја со кроасани и зелена салата по желба. Подготовката погледни ја на видеото. На здравје! 

Препорака од авторот:

Дали знаеш дека?

GreenDeli е најнова и најсовремена фабрика за конзервна индустрија во Македонија? Произведуваат ајвар, корнишони, маринирани шампињони, мешани салати, џемови…

Заследи ги GreenDeli на:

 Крем салата со јајца и кисели краставички

Може да те интересира: Посно медено срце без масло – од кујната на Марија Кочовска.

Рецептот е овозможен од GreenDeli.

Сподели: