Кремаста, брза и превкусна! Оваа крем салата со јајца, кисели краставички и печурки е идеална за појадок со кроасан или парче леб, а супер се вклопува и како додаток на ручекот во комбинација со парче месо печено на скара.
Тајната на омилената руска салата и тартар сос се крие во вкусните кисели краставички. Крцкави, сочни и здрави! Вака можеме да ги опишеме вкусните корнишони кои се идеална храна за зимскиот период. Одлично се вклопуваат во салати и сендвичи, а придобивките од нивната консумација се големи. Се препорачуваат за зајакнување на имунитетот, намалување на грчевите во мускулите, помагаат за полесно намалување на килограмите, балансирање на шеќерот и холестеролот во крвта…
Знаете ли како ни дојде идејата за овие шпагети со павлака, сирење и корнишони? Ги сваривме шпагетите, а немавме многу време да приготвиме некој убав сос. На работната маса ја забележавме теглата со штотуку отворени кисели краставички и идејата се роди. Знаеме дека салатите со макарони и корнишони се многу вкусни, па рековме, ајде ќе ја направиме оваа комбинација.