кисели краставички во тегли

Корнишони во тегла приготвени во рерна

Често се случува да не ни останат корнишони во тегла кои сме ги приготвиле, па купуваме. Но, купечките корнишони најчесто се многу кисели и не ги обожаваме.

Ние киселите краставички ги правиме со варење, но Дијана ни предложи друг лесен рецепт за корнишони во тегла приготвени во рерна. Таа вели: „Домашни корнишони кои се како купените. Години наназад редовно ги подготвувам и тоа по овој рецепт. Омилени на моите дечиња. Топло ви ги препорачувам. Кога ги купувате краставичките од пазар, гледајте да се што поситни.”

Наведените состојки во рецептот се доволни за една тегла корнишони. Од 3 кг корнишони во просек се добиваат 7 тегли.

корнишони во тегла приготвени во рерна

Состојки:

  • по потреба корнишони
  • 1 лажица (рамно полна) сол
  • 2 мали лажичиња шеќер
  • 10 лажици бела киселина (9% алкохолна)
  • 5-6 зрна црн пипер
  • 10-15 зрнца бел синап
  • 1 ловоров лист
  • по потреба вода.

Подготовка:

  1. Корнишоните убаво се мијат и им се кинат дршките. Се редат во чисти тегли.
  2. Во секоја тегла се додава по 1 лажица сол, 2 мали лажички шеќер, 10 лажици бела киселина, еден лововоров лист, неколку зрна црн пипер и бел синап. Потоа во теглата се дополнува со вода. Теглите убаво се затвораат со капаците.
  3. Приготвените тегли наредете ги во плех. Ставете ги во незагрена рерна.
  4. Тогаш приклучете ја рерната на 100 степени и оставете ги 2 часа.
  5. Потоа исклучете ја рерната и оставате така да се изладат. Најдобро е навечер да се подготвуваат, со тоа што цела ноќ ќе ги оставите во рерна.
  6. Утрото извадете ги и превртете ги со капаците надолу. Тогаш ќе забележите ако некоја тегла не е вакумирана, ќе протечи од солилото. Тоа можи да се случи само ако капаците се стари.

Рецептот го испратил: Дијана Талевски.

Ви предлагаме да прочитате: Кисели краставички – корнишони во тегли.

Сподели: