ермоса салата со компири

„Ермоса“ салата со компири, корнишони и моркови

Брза и лесна салата за ручек или вечера! Името на оваа салата доаѓа од шпанскиот збор „Hermosa“, што во превод значи убава. Нашата читателка Елена ни го испрати овој одличен рецепт за вегетаријанска салата со компири, кисели краставички, моркови и кромид, зачинета со масло и ситно сечкан магдонос.

Најдобро од сѐ е тоа што е толку едноставна и лесна за подготовка, така што секој може да ја направи! Ние ја пробавме и го потврдуваме одличниот вкус, а на вас останува да ја дегустирате.

ермоса салата со компири

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 3 главици кромид
  • 5-10 кисели краставички
  • 5-10 кисели моркови или свежи варени во замена
  • магдонос по желба
  • масло по вкус
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Компирите добро измијте ги и ставете во тенџере со ладна вода, на средно висока температура да се варат. Варените компири излупете ги, исечкајте ги на коцки и ставете ги во длабок сад.
  2. Излупете го кромидот и исечкајте го на мали коцки, а потоа додајте го во садот со компирите.
  3. Киселите краставички и морковите исечкајте ги на коцки и додајте ги во садот со другите состојки.
  4. Компирите зачинете ги со масло и сол по вкус, а потоа внимателно измешајте ја салатата.
  5. На крај, додајте ситно сечкан магдонос и декорирајте по желба. Пријатен апетит!

Рецептот го испратил: Елена Младеновска

Сподели: