Ако имате повеќе варени јајца, а не знаете како да ги искористите, еве супер идеи. Ви предлагаме неколку вкусни и лесни рецепти за велигденски салати со варени јајца. Пробајте ги и пишете ни во групата на Сѐ за храна која е вашиот фаворит.

„Среќни и весели нека ни се Велигденските празници, нека носат само убавини во секој дом! А, како што е обичајот, сите ние, секој по свој мерак, боиме прекрасни шарени јајца и ги даруваме со добра мисла и во знак на почит кон еден од најголемите христијански празници. Обожавам да ја истражувам интернационалната кујна, па испробав и ви препорачувам нешто проверено вкусно. Ви предлагам да го изненадите семејството со интересно нареден јапонски сендвич со јајца!“ – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
Сакате да направите мала промена на велигденската трпеза? – Изненадете го семејството со превкусна салата, сервирана во белки од варени јајца. Потребни ви се 10-тина минути за подготовка, а веруваме дека секој член на семејството ќе го пронајде омилениот вкус. Овие симпатични полнети јајца со фил, направени само со 5 состојки ги припреми Марија од нашиот тим. Уживајте во прекрасните фотографии и запишете си го рецептот, па за време на велигденските празници, направете го и дегустирајте го.
Ни доаѓаат убави празнични моменти, богати трпези и дружења со семејството и пријателите! А за да ви заштедиме време и пари, a дружењето да го направиме уште подобро, ви предлагаме супер велигденски рецепт кој ние веќе го испробавме. Направивме велигденска урнебес салата со варени јајца, која се прави само за 3 минути и знаеме дека ќе ве освои!
Да, токму оваа салата со компири и кромид е онаа традиционална која често се служи со риба за време на пости. Не дека едноставно се приготвува, туку нејзиниот вкус кој се предава од генерација на генерација е доволен мотив да го споделиме рецептот за да остане во архива и да биде лесно достапен за сите.