Велигденска урнебес салата со варени јајца, готова за 3 минути

Велигденска урнебес салата со варени јајца, готова за 3 минути

Ни доаѓаат убави празнични моменти, богати трпези и дружења со семејството и пријателите! А за да ви заштедиме време и пари, a дружењето да го направиме уште подобро, ви предлагаме супер велигденски рецепт кој ние веќе го испробавме. Направивме велигденска урнебес салата со варени јајца, која се прави само за 3 минути и знаеме дека ќе ве освои!

Бидејќи за време на велигденските празници сите ќе имаме поголема количина на варени јајца, брзите рецепти со нив се добредојдени за секој дом. Вам ви останува само да си набавите црвен пипер и буковец од Рајска градина, па без грижи да ги прославите убавите празници. Квалитетот им е одличен, а мирисот многу пријатен. Велигденската урнебес салата послужете ја со парчиња печен леб или крекери како мезе, а одлична е и како утрински намаз.

урнебес салата со варени јајца

Состојки:

Подготовка:

  1. Јајцата излупете ги и исечете ги на четвртини.
  2. Потоа испасирајте ги со помош на виљушка.
  3. Сирењето издробете го или изрендајте го на крупната страна од рендето.
  4. Во длабок сад ставете ги пасираните јајца, дробеното сирење и изварката. Измешајте ги состојките со лажица.
  5. Во садот додајте ги црвениот пипер и буковецот од Рајска градина, и измешајте.
  6. Потоа, салатата зачинете ја со сол, мелен црн пипер и лук во прав по желба.
  7. На крај додајте павлака и измешајте за да се добие хомогена смеса. Готовата урнебес салата послужете ја веднаш со печен леб или крекери. Декорирајте ја со парчиња краставица и млад кромид. На здравје!
урнебес салата со варени јајца

Ви предлагаме да прочитате: Солени стапчиња со оригано, буковец и копар.

*Комерцијален рецепт

Сподели: