Кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ 1

Полнети јајца со зелен фил

Ја искористивме нашата омилена супер храна Spirulina Pacifica за разубавување на празничната велигденска трпеза! Направивме полнети јајца со зелен фил и ги послуживме како мезе.

Идејата е добредојдена за празниците, а може слободно да ја искористите и кога ќе имате поголема количина на варени јајца. Супер комбинација со здравата Spirulina Pacifica, свежо нане и кисели краставички. Лесно, брзо, вегетаријанско и без глутен!

Кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ 2

Состојки:

  • 4 варени јајца
  • ½ – 1 мала лажичка Spirulina Pacifica во прав
  • 1-2 кисели краставички
  • 100 мл кисела павлака
  • свежо или сушено нане по вкус
  • сол и мелен црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Јајцата ги лупиме и ги сечеме на половина.
  2. Жолчките ги ставаме во длабок сад и ги пасираме.
  3. Киселите краставички ги сечкаме на мали коцки.
  4. Во садот со пасираните жолчки ги додаваме сечканите краставички и мешаме додека состојките се соединат.
  5. Потоа, во садот со жолчките ја додаваме и киселата павлака.
  6. Мешаме со лажица и додаваме Spirulina Pacifica во прав, ситно сечкано свежо нане и зачинуваме со сол и мелен црн пипер. Филот го мешаме додека се добие хомогена смеса.
  7. Белките ги ставаме во чинија за сервирање.
  8. Со помош на мала лажичка во белките ги полниме со зелениот фил, а потоа ги наросуваме со ситно сечкано свежо нане. Декорацијата ја завршуваме со листови нане, по примерот на фотографиите или по желба.
  9. Вака приготвените јајца со зелен фил послужете ги веднаш како мезе или предјадење. На здравје!

Информација плус: Spirulina pacifica во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во паковања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатана достава.

Кафеави полнети печурки со изварка и спанаќ 3

*Комерцијален рецепт

Ви предлагаме да прочитате: Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка.

Сподели: