Маска од ориз за подмладување

Маска од ориз за подмладување

Дали сте знаеле дека оризот може да го подобри здравјето и квалитетот на вашата кожа? – Тоа е заради тоа што оваа намирница содржи линолеинска киселина, која заедно со другите материи во состав на оризот, позитивно влијаат на производството на колаген. Погледнете како лесно и дома може да си направите маска од ориз за подмладување!

Важата кожа ќе стане посјајна, брчките помали и свежината на лицето ќе биде значително подобра.

Маска од ориз за подмладување 2

Состојки:

  • 3 лажици ориз
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Оризот варете го додека омекне, па процедете го, но водата во која се варел зачувајте ја.
  2. Варениот ориздодајте го во претходно затопленото млеко и промешајте.
  3. Додајте го и медот во смесата и откако убаво ќе измешате нанесете ја на чисто и суво лице.
  4. Оставете да се исуши и измијте го лицето со водата во која се варел оризот. Резултатите ќе ве воодушеват!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна маска за поздрава и побујна коса.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: