Имаме рецепт кој ќе ве освои! Станува збор за вкусни и симпатични посни бомбици од ориз со фил од зеленчуци, послужени со домашен теријаки сос.

„Кога имате потреба да зготвите нешто брзо за вечера, нема да згрешите ако го пробате овој лесен рецепт за теријаки пилешко! Посебно го обожавам, затоа што е едноставен, некомплексен и приготвен од здрави состојки. Често пати го подготвувам, па помислив дека би било одлично да го фотографирам и да го споделам ова вкусно уживање со вас.“ – вели Катерина од нашиот тим.
Доколку сакате да експериментирате во кујната и да дегустирате нешто ново, поразлично, а здраво, време е да го пробате „оризот“ од карфиол. Овој безглутенски ориз од карфиол е одличен начин да го намалите внесот на калории. А, покрај тоа на овој начин можете да вметнете уште еден оброк од зеленчук во вашето дневно мени.
Знаете ли дека може да уживате во омилениот сутлијаш без притоа да водите сметка за калориите и здравјето? Имаме нов супер рецепт за сутлијаш со интегрален ориз, приготвен во нашата кујна и тоа со голема љубов за сите љубители на десерти кои сакаат да ги намалат килограмите, активно вежбаат или водат сметка за начинот на исхрана.
Готвењето може да преставува права наука, особено за оние кои не знаат да ги користат зачините, а солта е еден од најважните зачини во секоја кујна. Секоја намирница се разликува сама по себе и затоа е важен индивидуалниот пристап при солење. Дознајте кога треба да се посолуваат гравот, тестенините и оризот, за да направите јадења кои ќе бидат уште повкусни.