Здравствени придобивки од интегралниот ориз

Здравствени придобивки од интегралниот ориз

Дали сте пробале интегрален ориз? Знаете ли како да го приготвите? Сите сме слушнале дека интегралниот (кафеав) ориз е поздрав од белиот ориз, а сепак кога купуваме многу пати го одминуваме на рафтовите. Па, ајде да дознаеме нешто повеќе на оваа тема!

Оризот е извонредно хранлива намирница која изобилува со минерали, особено со фосфор, а во помали количини содржи магнезиум, калиум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк и кобалт. Од витамините најмногу содржи витамин Е и витамини од групата Б. Содржи малку масти, а богат со скроб и е лесно сварлива намирница, која треба често да ја имате на трпезата. Секогаш е интересно во исхраната да се внесе нешто ново, па еднаш направете бел, а друг пат пригответе јадење со интегрален ориз.

Здравствени придобивки од интегралниот ориз

Која е разликата меѓу белиот и интегралниот ориз?

Главната разлика лежи во процесот на обработката на оризовото зрно. Под поимот интегрален, се подразбира ориз на кој му е отстранета лушпата, но е оставена обвивката на зрното, која е права ризница на витамини и минерали. Во неа се наоѓа голема количина од витамините од Б групата кои делуваат за смирување на нервниот систем.

За разлика од белиот, интегралниот ориз има поголема количина на растителни влакна кои даваат чувство на ситост, па така ќе изедете помала количина. Освен тоа, растителните влакна го спречуваат брзиот пораст на гликозата во крвта, па може да го јадат и дијабетичарите.

Дали е поздраво да се консумира интегрален ориз?

Интегралниот ориз доколку се консумира во умерени количини претставува навистина здрав, богат со хранливи материи и вкусен оброк. Тој има пристапна цена и е исклучително лесен за подготовка.  Доколку се додаде во склоп на различни јадења нуди многу придобивки за здравјето. Па така, режимите на исхрана во кои е вклучен интегралниот ориз:

  • го намалуваат ризикот од срцеви заболувања
  • превенираат појава на висок холестерол 
  • го намалуваат ризиокот од дијабетес.

Исто така, нуди значително количество на растителни влакна и протеини, а многу малку калории по порција. Половина чаша варен кафеав ориз содржи само малку повеќе од 100 калории, а нутритивните придобивки за целото здравје се многубројни.

Ви препорачуваме да прочитате: Кои се разликите меѓу црвената и зелената леќа од кулинарски аспект?

Сподели: