7 рецепти за посни јадења со ориз

Ги избравме најдобрите посни јадења со ориз. Од големиот број на посни рецепти кои се објавени на sezahrana.mk, направивме убава колекција. Се надеваме дека ќе ви бидат од голема корист и ќе ги дегустирате наредниве денови.

Рецепт за вегетаријански ориз со спанаќ – посно

Кога ќе ја отвориме страницата на Лидија, знаеме што не очекува. Неизмерно уживање, се разбира! Така го откривме и овој нејзин рецепт за вегетаријански ориз со спанаќ. Чинија полна вкуснотии и убавини! Рецептот за вегетаријански ориз со спанаќ, прочитајте го тука.

посни јадења со ориз

Ориз со сос од печурки и тофу сирење

Овој креативен рецепт ни доаѓа на предлог од Невена, на која многу и се заблагодаруваме за одличната идеја. Наведените состојки во рецептот се доволни за 4 порции, а по потреба намалете ја или зголемете ја количината на состојките. Постапката за приготвување може да ја прочитате на овој линк.

Здраво посно рижото со куркума и лимон

Обожаваме рецепти кои се вкусни и здрави, такво е нашето посно рижото со куркума и лимон! Лесно за правење, уште полесно за јадење и полно со корисни состојки! Рецептот за подготовка на посно рижото со куркума и лимон, прочитајте го тука.

Посна салата со ориз, леќа и печурки

Оваа посна салата со ориз, леќа и печурки е идеален избор за секоја фамилијарна пригода, прослава или можете едноставно да ја искористите како идеја за оброк на работа, затоа што лесно се носи, многу е хранлива и изобилува со корисни состојки. Посно, вегетаријанско, здраво и без глутен. Вреди да се проба!

Ориз со печурки – посен прилог

Оризот со печурки е одлично јадење кое може да го јадат обожавателите на посно, вегетаријанците и сите љубители на ориз. Ако сакате посно јадење или имате желба за убав прилог, овој рецепт е избор кој нема да ве изневери. Вреди да се проба! Постапката за приготвување може да ја прочитате на овој линк.

Посни бомбици од ориз без масло

Имаме рецепт кој ќе ве освои! Станува збор за вкусни и симпатични посни бомбици од ориз со фил од зеленчуци, послужени со домашен теријаки сос. Рецептот за посните бомбици, прочитајте го тука.

Посни ќофтиња од компири и ориз

Одличниот рецепт е дело на нашата пријателка Диана, која го објави на блогот Trydiani. Ќофтињата од компири се посни и вегетаријански, па се идеален предлог за јадење за време на пости во комбинација со свежа зелена салата. А штом ги направите, не заборавајте да ни пишете во коментар како ви се допаднале. Потребните состојки и начинот на подготовка, прочитајте ги на линкот.

Како ви се допадна нашата колекција на посни јадења со ориз? Кој е вашиот омилен посен рецепт со ориз? Споделете го рецептот во групата на Сѐ за храна на Facebook.

Ви предлагаме да прочитате: 9 лесни и посни рецепти со компири.

Сподели: