посни бомбици од ориз без масло

Посни бомбици од ориз без масло

Имаме рецепт кој ќе ве освои! Станува збор за вкусни и симпатични посни бомбици од ориз со фил од зеленчуци, послужени со домашен теријаки сос.

Оваа супер идеја ни доаѓа од нашата пријателка Диана, која рецептот го објави на нејзиниот блог Trydiani. Подготовката на бомбиците е едноставна. Овие мали солени топчиња совршено би се вклопиле на сечија трпеза, без разлика дали станува збор за свечена или пак имате желба да ги послужите како мезе. Посни, вегански, без глутен!

посни бомбици со ориз

Состојки:

  • 2 чаши варен ориз
  • 1 лажица свежи или сушени зачини
  • ½ авокадо
  • 1 морков
  • ¼ краставица
  • ¼ чаша грав
  • кора и сок од лимон
  • сол и црн пипер во вкус
  • 1 чаша печен сусам
  • теријаки или друг соја сос по желба.

За теријаки сос:

  • 2-3 лажици соја сос
  • 1 лажица мед или шеќер
  • 3 лажици вино од ориз или вода
  • 1 мала лажичка балсамико
  • 1 мала лажичка свежо цеден сок од лимон
  • ситно сечкан лук, црн пипер и ѓумбир по вкус
  • 1 мала лажичка нишесте.

Подготовка:

  1. Морковот се лупи и се става да се вари. Најдобро е да го сварите на пареа.
  2. Авокадото и краставицата се сечат на коцки. Коцките од авокадо се попрскуваат со лимонов сок за да не отемнат.
  3. Варениот морков се сече на коцки. Варениот морков, краставицата и авокадото се мешаат со лажица.
  4. Врз најлонска фолија се зема од варениот и изладен ориз. Со тапкање на рацете се формира кора. Во средината се ставаат сечканите моркови, авокадо и краставица, неколку зрна грав и се поросува со зачините. На крај се посолува и зачинува со мелен црн пипер. С
  5. Со помош на фолијата се формира топка.
  6. Вака формираните топки се валаат во печениот сусам. Се редат во чинија и се остават во фрижидер за време од еден час.
  7. Во меѓувреме се приготвува теријаки сосот. Нишестето се меша со 1 мала лажичка вода. Во мал сад на оган се ставаа нишестето и се додаваат другите состојки за теријаки сосот. Сосот се вари на тивок оган додека се згусти. По желба може да се додаде вода за да се добие посакуваната конзистенција.
  8. Изладените посни бомбици од ориз послужете ги во комбинација со теријаки сосот. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици од палента и маслинки.

Сподели: