„Сочна свежина и неодолива мека текстура, се топат во уста! Толку можам да ви кажам, останува да ги пробате! За празничната трпеза или за секојдневен обичен повод, идеално добри! Повкусни, поедноставни, ни толку брзи бомбици нема да најдете, топло ви ги препорачувам!“- започнува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
Новогодишна солена елка – ордевер со бомбици од сирење
Чоколадни бомбици со ореви
Посни бомбици со суви кајсии и урми
Ако спаѓате во групата на луѓе кои тешко се откажуваат од слатките задоволства, а сакате да се храните здраво, имаме супер предлог! Овај рецепт за посни бомбици со суви кајсии и урми ни го подготви нашата пријателка Ана Наумовска (baked_with_love_by_ana). Здрав и вкусен десерт кој ќе ви даде енергија во текот на денот.
Брзи посни бомбици со кокос – без глутен и без шеќер
Овие брзи посни бомбици со кокос се идеални кога ви се јаде нешто благо, а сакате да е здраво и да не губите многу време за подготовка, ниту да валкате садови. Нашиов рецепт ќе ве освои! – Ем ќе имате вкусен десерт кога и да посакате, ем кујната ќе ви биде чиста, а што е најважно, телото ќе ви биде благодарно за прекрасната енергија која се должи на избраните состојки!
Брзи бомбици со бисквити
Брзи бомбици со 3 состојки
Солени бомбици со Стоби флипс и кикирики
Посни кокос бомбици без шеќер за 10 минути
Чоколадни бомбици со кокос
Посни бомбици со кикирики и бело чоколадо
Енергетски бомбици со суво овошје (без шеќер)
Празнични бомбици со бело чоколадо и лешници
Дали знаете колку го сакаме овој период од годината? Украсување на домот, сијалички во различни бои, елка накитена со убави лампиони, и се разбира многу колачиња и убави моменти со најблиските. Тоа е симболот на ново годинешните празници. А кој се радува најмногу на веселите колачиња? Би рекле сите, но детските насмевки се најискрени и ја кажуваат празничната магија. Токму за нив, направете ги празничните бомбици со бело чоколадо.