бомбици

Брзи бомбици со 3 состојки

Многу сакаме брзи и лесни рецепти, а кога се приготвуваат само од неколку состојки тоа е вистинскиот избор за нас. Ако се сложувате, овој вкусен рецепт мора да го пробате. Марија од нашиот тим нѐ заслади со супер вкусни и брзи бомбици приготвени само од 3 состојки. 

Подготовката е едноставна, а убавата комбинација од мелени бисквити, мармалад од кајсии и лешници ќе го освои сечиј вкус. Овој рецепт може да го приготви секој, па поканете ги најмалите членови да ви помогнат и поминете забавно време во кујната. Од наведените состојки ќе добиете 15 бомбици, а по желба количината на состојките зголемете ја.

Брзи бомбици од 3 состојки

Состојки:

За декорација:

  • 100 г бело чоколадо, мелени лешници или бисквити по избор.

Подготовка:

  1. Бисквитите измелете ги во сечко или со помош на машина за мелење.
  2. Лешниците кратко потпечете ги и измелете ги. 
  3. Во мал сад на оган ставете ги мармаладот од кајсии и водата. Измешајте и кратко затоплете ја смесата додека мармаладот се раствори.
  4. Во длабок сад ставете ги мелените бисквити, лешниците и растопениот мармалад. Измешајте добро, а потоа од смесата формирајте бомбици. 
  5. Белото чоколадо растопете го на пареа или во микробранова печка. Бомбиците чоколадирајте ги или по желба извалајте ги во мелени лешници и бисквити. 
  6. Послужете ги со омиленото кафе, на здравје! 
брзи бомбици со три состојки

Препорака од авторот: 

Мали, симпатични и многу вкусни! Така можам да ги опишам овие брзи бомбици. Ми се највија гости, па мораше да се приготви нешто домашно, но вкусно. Имав мармалад од кајсии од Рес-Ком, го искомбинирав со бисквити и лешници и добив супер комбинација. На крај колачињата ги чоколадирав и ги послужив. Се надевам дека ќе го испробате и овој мој рецепт, а ако го направите, испратете ми слика, пишете ми како ви се допаднале, следете ме и тагирајте ме на Instagram или објавете ги во групата на Сѐ за храна.“ – вели Марија.

брзи бомбици

За сите прашања околу подготовката пишете и на Марија Кочовска (следете ја на Facebook и Instagram) од нашиот тим која ги направи и фотографира брзите бомбици.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколадна раванија со мармалад и слатка павлака.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: