овесни бомбици 1

Брзи посни бомбици со кокос – без глутен и без шеќер

Овие брзи посни бомбици со кокос се идеални кога ви се јаде нешто благо, а сакате да е здраво и да не губите многу време за подготовка, ниту да валкате садови. Нашиов рецепт ќе ве освои! – Ем ќе имате вкусен десерт кога и да посакате, ем кујната ќе ви биде чиста, а што е најважно, телото ќе ви биде благодарно за прекрасната енергија која се должи на избраните состојки!

Овие бомбици се прават од едноставни и лесно достапни состојки, кои обично сите ги имаме во своите домови. Плус тоа, многу се вкусни и се вклопуваат за разни поводи и пригоди.

овесни бомбици 2

Состојки:

  • 100 г суви кајсии
  • 30 г овесни снегулки
  • 30 г кокос од Витаминка
  • 1 лажица мед (по желба може јаворов сируп или сируп од агаве)
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 мала лажичка кокосово масло.

Подготовка:

  1. Сувите кајсии прелијте ги со вода и оставете ги да отстојтат преку ноќ.
  2. Хидрираните кајсии исечкајте ги со помош на сечко.
  3. Потоа додајте ги овесните снегулки, кокосот, медот, чиа семето и кокосовото масло. Убаво измешајте со лажица за да се соединат состојките.
  4. Смесата оставете ја во фрижидер 15-20 минути. Откако смесата ќе се здрви, земајте по малку и формирајте топчиња со големина по ваша желба. Формираните бомбици веднаш валајте ги во поголема количина кокос во подлабок сад. Тоа е тоа, лесно и едноставно. Уживајте во светот на вкусовите!

Предлог плус од нас:

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите совршенo чоколаднo фонду?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: