кокос колач

Снежен кокос колач

За љубителите на десерти со кокос имаме одличен рецепт, снежен кокос колач кој се топи во уста! Може да го послужите во комбинација со попладневното кафе со пријателките или да уживате до топла домашна атмосфера со најблиските во било кој ден или за време на празниците. Не двоумете се и пробајте го!

Вкусен и сочен, совршен за секоја пригода. Вистинско уживање во ладните зимски денови.

снежен кокос колач

Состојки:

  • 4 белки
  • 200 г шеќер
  • 300 г кокос
  • 200 г јогурт
  • 6 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • рендана кора од 1 лимон.

За прелив:

  • 200 г шеќер
  • 400 г вода
  • 2 кришки лимон.

За наросување:

  • кокос по потреба.

Подготовка:

  1. Белките  и шеќерот изматете ги во посебен сад. Кога смесата ќе биде густа и се познава трага од маталките, додајте ги јогуртот, кокосот, брашното, прашокот за печиво и ренданата кора од лимон. Измешајте со лажица за да добиете хомогена смеса.
  2. Смесата ставете ја во тава за печење и печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
  3. Во меѓувреме подгответе го преливот. Во сад ставете ги шеќерот и парчињата лимон. Ставете го садот на оган да зоврие, па варете уште неколку минути.
  4. Испечениот колач извадете го од рерната и прелијте го со шербетот.
  5. Исечете го на парчиња, одозгора наросете кокос,  и послужете го. Уживајте!

Совети плус:

  • Времето за печење зависи од рерната во која печите.
  • Може да бидете креативни и смесата за колачот да ја испечете во калап за мафини. По желба, мафините премачкајте ги со глазура од чоколадо.  А, бидејќи новогодишните празници се наближуваат, разбудете ја вашата фантазија и мафините декорирајте ги на уникатен начин.

Ви препорачуваме да прочитате: Празничен куглоф со јаткасти плодови.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: