чоколадни бомбици со ореви

Чоколадни бомбици со ореви

Празниците се наближуваат, па ако сте во потрага по ситни колачи кои ќе ја збогатат вашата трпеза имаме одличен рецепт. Брзи и вкусни чоколадни бомбици со ореви кои се прават за 10 минути. Постапката е едноставна, а вкусот совршено добар!

Свечените трпези за слава, именден или роденден збогатете ги со ново слатко задоволство. За кратко време може да уживате во неверојатно добар десерт со ореви. Затоа, не двоумете се, меѓу вашите ситни колачи на трпезата нека се најдат и овие вкусни и брзи чоколадни бомбици.

чоколадни бомбици со ореви

Состојки:

  • 400 г шеќер
  • 200 г млеко во прав
  • 50 г какао
  • 50 г чоколадо за готвење
  • 75 г сечкани ореви
  • 125 г путер.

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете 100 мл вода и додајте го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете уште 2 минути на средна температура.
  2. Садот тргнете го од оган и додајте ги путерот, чоколадото, млекото во прав, какаото и сечканите ореви.
  3. Ринглата исклучете ја и вратете го садот на оган. Мешајте околу половина минута за смесата да се изедначи.
  4. Смесата оставете ја малку да се излади, а потоа формирајте бомбици. Декорирајте ги по желба и ставете ги во мали хартиени корпи. Уживајте во светот на вкусовите!

Совети плус:

  • Aко при варењето смесата премногу се згусне додајте 1-2 лажички вода.
  • Ако смесата е премногу мека, топчињата ќе ја изгубат убавата форма. Во тој случај додајте уште малку сечкани или мелени ореви.
  • Наместо ореви може да користите и сечкани лешници.
  • За декорација на бомбиците може да користите мелени лешници, какао или кокос.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи посни бомбици со кокос – без глутен и без шеќер.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: