рафаело торта

Од кујната на Марија – Рафаело торта – највкусната бела кремаста торта со лешници, ванила и кокос

„Ова е најкремастата, највкусна рафаело торта со кремаст фил од ванила, лешници и бисквитно тесто од кокос! Една од моите омилени која често е прв избор за роденден или друг повод. Долго време ја правам, па еве прилика да го споделам рецептот со вас. Сите кои ја пробаа ми кажаа дека е една од најубавите торти, а верувајте дека е баш така!

Нема да погрешите ако ја направите, а за сите прашања, слободно контактирајте ме и заследете ме на Instagram или Facebook. Подготовката на тортата е средно тешка, но навистина вреди да издвоите време и да испробате. Продолжете со читање и следете ги моите совети кои ќе ви помогнат при подготовката.“ – срдечно споделува Марија Кочовска од нашиот тим.

rafaelo torta

Состојки:

За 4 кори:

  • 12 белки
  • 12 лажици шеќер
  • 200 г брашно
  • 20 г прашок за печиво
  • 200 г кокос.

Фил:

  • 1 л слатка павлака
  • 500 мл млеко
  • 2 пудинзи од ванила
  • 4 л шеќер
  • 200 г лешници.

За декорација:

  • 300 г шлаг пена
  • 300 мл газирана вода или млеко
  • 200 мл млеко.

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете 3 белки и додајте 3 лажици шеќер. Изматете ги во цврст шлаг. 
  2. Во чинија измешајте 50 г брашно и 5 г прашок за печиво. Просејте го и додајте го во шлагот од белките. Во садот додајте го и кокосот и измешајте со лажица. 
  3. Тавата (големина 28) обложете ја со хартија за печење. Со лажица или нож распоредете ја смесата за пандишан. Смесата е густа, а тестото е бисквитно. 
  4. Печете за време од 10 минути во загреана рерна на 200 степени. Оставете да се излади, а потоа отстранете ја хартијата за печење. 
  5. Направете 4 вакви кори или 3 по желба. 
  6. Во тенџере на оган ставете 400 мл млеко да се вари. Пудинзите измешајте ги со шеќерот и додајте 100 мл млеко. Штом млекото зоврие, додајте ги пудинзите и варете 2-3 минути додека пудингот се згусти. Оставете го да се излади. 
  7. Лешниците потпечете ги излупете ги. Потоа измелете ги или исечакте ги. 
  8. Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг. Поделете ја на два делови. Во едниот дел додајте го изладениот пудинг и измешајте. Во другиот дел додајте ги сечканите лешници и измешајте. Филот со пудинг поделете го на 4 делови, а филот со лешници на 3 делови.
  9. Во мал сад ставате 200 мл млеко да се загрее. 
  10. Во чинија за торта ставате ја едната кора и попрскајте ја со 50 мл млако млеко. Нанесете од филот со лешниците и израмнете. Потоа нанесете од филот со пудингот и израмнете. Ставете ја втората кора, попрскајте млеко, нанесете фил со лешници и фил со пудинг. Постапката повторете ја и со третата кора. Ставете ја последната кора и премачкајте ја со преостанаиот фил со пудинг. Торатат ставете ја во фрижидер за да се стегни. 
  11. Шлаг пената ставете ја во сад за матење. Додајте ја газираната водата изматете цврст шлаг. По потреба додајте уште вода. Тората измачкајте ја со изматената шлаг пена и декорирајте ја по желба. На здравје!
бела торта со лешници и кокос

Препорака од авторот:

Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти за убави торти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Може да ве интересира и: Готвиме со Марија Кочовска: Еврејска торта со ореви и лешници.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: