9 совети за совршен пандишпан за торта 1

9 совети за совршен пандишпан за торта

Ако немаш искуство, да се направи торта е предизвик! Слатката вкусна авантура започнува со подготовка на совршен пандишпан за торта, па без разлика дали имаш искуство или немаш воопшто, веруваме дека овие совети и тоа како ќе ти користат и дека ќе ти помогнат гарантирано да уживаш во своето дело!

Во овој текст, ќе ги најдеш одговорите на сите прашања и ќе дознаеш како да избегнеш грешки при наредната подготовка на торта.

9 совети за совршен пандишпан за торта 2

Општи фактори кои влијаат на крајниот ефект на пандишпанот

Тортите секогаш изгледаат привлечно, но доколку ги подготвувате сами, а немате доволно искуство, тогаш може вашата торта да не биде како што сте посакувале.  Квалитетот на состојките кои ги користите, свежината на јајцата, температурата и времето печење на пандишпанот, се дел од факторите кои може да влијаат да добиете различен резултат при приготвувањето на десертот, и покрај тоа што ја правите тортата по истиот рецепт.

Јајцата за подготовка на совршен пандишпан нека се на собна температура барем 2 часа

Убавите торти кои се припремат за специјални прилики, најчесто се прават со неколку слоеви од пандишпан и фил. Пандишпаните за торта најчесто се прават од јајца, шеќер, брашно, ореви, лешници, бадеми и др. Пред да ги матите јајцата, оставете ги на собна температура најмалку 2 часа. 

Садот за матење задолжително да е лист и потполно сув

Садот во кој ги матите јајцата, мора да биде чист и сув. Доколку имате неколку капки вода, или претходно сте го користеле за подготовка на фил и слично, можно е јајца да не се изматат добро и да не ја постигнат посакуваната цврстина.

Брашното и останатите суви состојки прво измешајте ги во одделен сад

При подготвувањето на смесата, во длабок сад ставете ги брашното и прашокот за печиво, добро измешајте ги, а потоа пресејте ги со сито. За најдобра текстура на тортата избери Екстра бело брашно од Жито Лукс.

Матените јајца со сувите состојки мешајте ги со лажица и нежно

Измешаното брашно со печивото, додајте го во садот со јајцата и секогаш мешајте со лажица. Така ќе добиете смеса без грутчиња, а при печењето пандишпанот лесно ќе нарасне.

За еднакви пандишпани најлесно е да печете одделно повеќе пати

За да добиете пандишпани со еднаква дебелина, најдобро е секој да се подготвува и пече посебно. Некои практикуваат да приготват еден пандишпан, а потоа да го пресечат хоризонтално, на 2 или 3 делови, но доколку немате искуство, ве советуваме да не го правите тоа. 

Ако веќе печете еден подебел пандишпан сечете го внимателно 

При сечењето, пандишпанот може лесно да се искрши и да не се добијат посакуваните парчиња со еднаква дебелина. Пред сечење измерете со линијар и означете на места за да знаете како да продолжите. Сечењето може да го направите со конец или подобро со  остар, но тенок нож со долго сечил и по можност на основа која се врти. 

Пред печење припремете ја тавата или калапот соодветно

Смесата за пандишпан ставете ја во калап кој може лесно да се отвора, а пред печење калапот намрсете го и посипете го со Екстра бело брашно. За полесно, може да користите хартија за печење.

Печењето е еден од клучните фактори

Пандишпаните мора да се печат постепено и на умерена температура. Затоа, секогаш печете ги во загреана рерна и потрудете се да не ја отворате рерната додека видите дека е убаво печен, а посебно не во почетокот на печењето или на секои 5 минути, зашто пандишпанот ќе биде нерамен и многу веројатно со длапка во средината, а високи рабови.

Совети плус:

  • Ако кората на пандишпанот веќе потемнела, а сметате дека внатрешноста не е доволно печена, тавата во која се печи пандишпанот, прекријте ја со алуминиумска фолија.
  • За да сте сигурни во квалитетот на пандишпанот препорачуваме да користите Екстра бело брашно од Жито Лукс, со кое текстурата и вкусот на десертите се загарантирани. 
9 совети за совршен пандишпан за торта 3

Ти се допаднаа овие совети? Сакаш да направиме подетален водич кој ќе ти помогне во твоите слаткарски авантури?! –  Пиши ни во коментар и сподели го текстот со пријателите.

Може да те интересира: 

Патот до совршен пандишпан е овозможен од Жито Лукс и препорачуваме, заследи ги на Facebook и Instagram за сите новости, дарувања и акции!

Сподели: