kasato - torta bez pecenje

Касато торта без печење – чоколадна со бисквити, крем банани и желе бонбони

„Новогодишната бајка започна! Почнав со подготовки за трпезата и направив преубава торта. Се прашуваш каква торта да направиш за празниците? – Имам супер рецепт за касато торта! Чоколадна, без печење, брза и многу вкусна! Бисквити, крем банани, желе бонбони, чоколадо и рум за идеална слатка приказна.

А знаеш што е најдобро? Секој може да ја направи! Нема печење, може да се направи порано и да се замрзни, а ако ги следиш чекорите на видеото, гарантирам дека нема да има грешка.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на нашиот сајт.

касато торта

Состојки:

  • 400 г Vinccini бисквити
  • 100 г желе бонбони Donia
  • 100 г потпечени ореви
  • 5 крем банани
  • 400 мл млеко
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 60 г путер или маргарин
  • 1 лажица рум
  • 100 г бело чоколадо за декорација.

Подготовка:

  1. Бисквитите искршете ги на покрупни парчиња и ставете ги во длабок сад. Оревите крупно исечкајте ги или измелете ги.
  2. Крем бананите и желе бонбоните исечкајте ги.
  3. Чинијата или калапот за торта обложете го со најлонска хартија.
  4. Во тенџере на оган ставете ги млекото, чоколадото и путерот. Измешајте додека чоколадото се растопи. На крај, додајте го румот. Течноста додајте ја во садот со бисквитите, а потоа додајте ги оревите, желе бонбоните и крем бананите. Измешајте и ставете ја смесата во чинија и израмнете. Тортата ставете ја во фрижидер неколку часа. Потоа превртете ја врз чинија за служење.
  5. Белото чоколадо растопете го на пареа. Тортата декорирајте ја со растопено чоколадо и новогодишни мотиви. Подготовката погледнете ја на видеото.

Некој совет плус:

  • Тортата може да се направи и во посна верзија. Користете Keksini посни бисквити, посно чоколадо, млекото заменето со растително млеко, крем бананите замени ги со поголема количина на желе и ореви.

Препорака од авторот:

Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи за празничната трпеза, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

касато торта без печење

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи и здрави мафини со јаболка и цимет – без глутен, шеќер и млеко.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е поддржан од Мак Прогрес.

Сподели: