посна касато торта мала

Посна касато торта – од кујната на Марија Кочовска

Празници се ближат! Преубави идеи се нижат! Божиќната бајка започна! За сите кои постат имам супер рецепт за посна касато торта. Се прави без печење, брза е и превкусна. Идеална за Св. Никола, и другите посни слави. Декорирана во новогодишен стил, ги освои симпатиите на многумина.

А знаеш што е најдобро? Секој може да ја направи! Нема печење, може да се замрзни, а ако ги следиш чекорите, гарантирам дека нема да има грешка.“ – вели Марија Кочовска.

посна касато торта рецепт

Состојки:

  • 400 г посни бисквити
  • 100 – 150 г посни желе коцки
  • 100 -150 г г потпечени ореви
  • 100 г суво грозје
  • 300 мл сок од портокал 
  • 100 мл вода 
  • 200 г чоколадо за готвење
  • 60 г маргарин
  • 2 лажици рум 
  • 100 г посно бело чоколадо за декорација.

Подготовка:

  1. Сувото грозје ставете го во чинија и прелијте го со врела вода. Додајте 1 лажица рум и оставете го за време од 10-15 минути. 
  2. Бисквитите искршете ги на покрупни парчиња и ставете ги во длабок сад. Оревите крупно исечкајте ги или измелете ги. Желе бонбоните исечкајте ги на мали коцки. Оревите, исцеденото суво грозје и желето додајте ги во садот со бисквитите. Измешајте.
  3. За подготовка на тортата може да користите голема длабока чинија за салата, калап за куглоф или калап за торта. Чинијата или калапот обложете го со најлонска фолија од FINO.
  4. Во тенџере на оган ставете ги водата, сокот од портокал, чоколадото и маргаринот. Измешајте додека чоколадото се растопи. На крај, додајте го румот. Течноста додајте ја во садот со бисквитите. Измешајте за да се соединат состојките и ставете ја смесата во чинија. Израмнете и чинијата обложете ја со најлонска фолија и од горната страна. Тортата ставете ја во фрижидер неколку часа, а најдобро е преку ноќ. Потоа превртете ја врз чинија за служење.
  5. Белото чоколадо растопете го на пареа. Тортата декорирајте ја со растопено чоколадо и новогодишни мотиви. Уживајте во празниците!
посна касато торта подготовка со производ

Совети плус:

  • Сувото грозје немојте да го стискате при цедењето. 
  • Тортата може да ја замрзнете 30-тина минути пред да ја превртите и да ја декорирате. Оваа постапка е важна доколку користите силиконски калап за куглоф.
  • Користете најлонска фолија од FINO, за да добиете најдобар резултат. Еластична е, не дозволува тортата да прими мирис од другите намирници во фрижидерот, а и лесно се отстранува.
  • Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи за празничната трпеза, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
рецепт за посна касато торта

Може да те интересира: 3 совети за чистење на рерната со сода бикарбона.

*Рецептот е поддржан од FINO Makedonija.

Сподели: