3 совети за чистење на рерната со сода бикарбона

Содата бикаробона е прв пријател на кујната која станува збор за чистењето. Споделуваме 3 совети за чистење на рерната со сода бикарбона, без хемикалии со кои успешно ќе исчистите, а ќе се погрижите и за природата. 

Овие практични примери за пролетно чистење на рерната со сода бикарбона ќе ви бидат од голема корист:

чистење на рерната со сода бикарбона

Лесно исчистете ја рерната со помош на сода бикарбона

Чистењето на рерната, некогаш може да биде макотрпно и да ви одземе многу време. За да ја исчистите рерната, посипете сода бикарбона и малку вода, па оставете да стои преку ноќ. Утрото лесно ќе може да ја исчистите рерната без многу триење. За овој метод на чистење ви препрачуваме да користите сунѓерчиња Green Life од FINO, кои се направени од природни влакна и 99% рециклирачки материјали. Чистиме без хемикалии и се грижиме за природата! 

За блескаво и чисто стакло на рерната направете паста со сода бикарбона и вода

Сигурно редовно ја чистите рерната на вашиот електричен шпорет, а сепак стаклото на рерната секогаш е наталожено со тврдокорни маснотии кои ни малку не е лесно да се отстранат? Не сте единствени кои се соочувате со ваков проблем. Едноставно, во длабок сад ставете ¼ чаша од содата, па постепено додавајте малку вода се додека добиете течна паста. Пастата со помош на Green Life сунѓерче нанесете ја преку целото стакло на вратата од рерната. Оставете ја да делува околу половина час за да омекнат сите тврдокорни маснотии. Откако ќе забележите дека смесата почнала да делува, а масните дамките се разлеваат по стаклото, избришете ја пастата прво со влажна крпа од FINO, а потоа и со сува микрофибер крпа. Може да ја корисите новата микрофибер крпа од FINO која е наменета за чистење на стакло. 

чистење со фино

Ако дамките се потврдокорни, направете топка од алуминумска фолија

Ако дамките на стаклото се потврдокорни, за чистење може да користите и алуминиумска фолија од FINO. Направете топка од алуминиумска фолија. Откако сте ставиле паста со сода бикарбона, истријте со алуминумската фолија. Ќе забележите дека нечистотиите полесно се разградуваат и остануваат на фолија. Потоа, пребришете со влажна крпа, и на крај со сува крпа.  

Ти требаат повеќе совети за чистење? Прочитај ги 3-те совети кои ќе ви помогнат да ги отстраните „уметничките дела“ од децата на ѕидот.

*Текстот е овозможен од FINO.

Сподели: