3 совети кои ќе ви помогнат да ги отстраните „уметничките дела“ од децата на ѕидот

Дали цртањето по ѕидови со боички и моливи е омилена забава на вашето дете? – Тоа е проблем со кој се соочуваат повеќето родители со мали деца. Хартија и тетратка? – Не, тоа не е за нив. Тие многу повеќе сакаат да создаваат  „убави дела“ на ѕидовите од вашиот дом. Па, еве 3 едноставни совети кои ќе ви помогнат да ги отстраните „уметничките дела“ од децата на ѕидот.

А што е тоа во убавите чисти ѕидови што ги тера децата да сакаат да цртаат насекаде? И покрај сите листови хартија и боенки што им се понудени, секогаш има „цртежи“ кои завршуваат на ѕидот. Без разлика дали во нивната соба, игротеката или вашата дневна соба, сликата ќе ви биде симпатична само првиот ден, а после тоа, ќе барате начин да ја отстраните. Па, ако се прашувате како да ги отстраните трагите од молив и боички од ѕидовите, еве 3 совети. Засукајте ги ракавите и испробајте ги!

3 совети кои ќе ви помогнат да ги отстраните „уметничките дела“ од децата на ѕидот

Направете домашен раствор 

Подгответе раствор за чистење со додавање на 4-5 капки течност за миење садови во сад со топла вода. Во овој раствор натопете сунѓер и со него избришете ги ѕидовите. Потоа, исплакнете ги ѕидовите со крпа натопена во чиста вода. На крајот, избришете го ѕидот со сува памучна крпа.

Користете средство за чистење стакло

Испрскајте малку средство за чистење стакло на чкртаниците со боички и оставете го растворот да делува околу 20 минути. Потоа, избришете со чиста крпа.

Направете паста за чистење

Измешајте 1 чаша сода бикарбона со 1 чаша вода за да направите паста. Распоредете ја добиената паста на цртежите со боички и оставете да делува 2 минути. Потоа, исчистете ја пастата со влажно сунѓерче и на крајот избришете со чиста крпа.

Совет плус:

А што ако ви кажеме дека цртежите со боички на ѕидот може да ги исчитите само со сунѓер и вода? Се прашувате како е тоа можно? – Ние ќе ви откриеме една тајна. Со Fino магичното сунѓерче проблемот ќе биде решен и ѕидовите ќе бидат чисти. Магичното сунѓерче ги брише сите траги користејќи само вода, без употреба на дополнителни средства за чистење. А за да ги разгледате сите нови и практични производи следете ги FINO на Instagram и Facebook. Fino е вашиот пријател на кој можете да му верувате!

фино

Ви препорачуваме да прочитате: 7 невообичаени примени на ќесите за отпадоци.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е овозможен од FINO.

Сподели: