Новогодишна солена елка – ордевер со бомбици од сирење

„Ајде да се забавувавме и да ги направиме најкреативните специјалитети за новогодишната и божиќната трпеза! Ве предизвикувам да внесете радост во домот и да направите солена елка со вкусни бомбици од сирење. Како ви се допаѓа овој предлог?

Наместо класичен ордевер, испробајте го овој рецепт. Бомбиците ќе им се допаднат на сите, а редењето на елката е забавно.“ – вели Марија од нашиот тим.

солена елка со бомбици од сирење

Состојки за елката:

  • 30 г кулен
  • 50 г шункова салама
  • 30 г чајна
  • бомбици од сирење
  • шери домати.

За бомбици од сирење:

состојки за солена елка

Подготовка:

  1. Сирењето ставете го во сад со ладна вода и оставате го 20-30 минути за да се отсоли. Потоа изрендајте го на крупната страна од рендето или издробете го со виљушка.
  2. Саламата исечкајте ја на мали коцки.
  3. Во длабок сад ставете ги сирењето, изварката, саламата и павлаката. Измешајте ги и зачинете со лук во прав. Од смесата формирајте бомбици.
  4. Листовите од шунката исечете ги на половина. Потоа заролајте ги за да формирате фишек.
  5. Врз рамна чинија ставете ред кулен, бомбици, салама, бомбици, чајна, шери домати и една бомбица. Дополнете со шери домати по желба. Послужете со крекери по желба. Уживајте во празниците!
солена елка состојки

Препорака од авторот:

Од наведената смеса ќе добиете 20 бомбици.

Те мотивирав да ја приготвиш новогодишната солена елка? – Разгледај повеќе празнични рецепти на моите профили и заследи ме:

И штом ja направиш елката, испрати ми ги фотографиите, означи ме или сподели ги во групата Сѐ за храна. – додава Марија.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Брзи переци од три состојки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: