Брзи переци од три состојки

„Превкусни! Овој пат ги разгледав старите рецепти во тетратката и одлучив да го направам брзи переци со три состојки. Како дете се сеќавам дека често ги имаше по детските родендени, па сакав да се потсетам на убавите денови кога се собиравме често и уживавме во игрите.

Лесни се за подготовка и ве повикувам уште денес да ги направите. Поканете ги најмалите, обликувајте форми по желба и забавувајте се во кујната. А на крај послужете ги и пуштете го омилениот филм или натпревар.“ – вели Марија од нашиот тим. 

переци со сирење

Состојки:

За премачкување:

  • јајце
  • ким или сусам по избор. 

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете го претходно просеаното брашно. 
  2. Путерот исечкајте го на коцки. Сирењето издробете го со виљушка или изрендајте го на крупната страна од рендето. 
  3. Во садот со брашното додајте ги путерот и сирењето. Замесете меко тесто. 
  4. Врз работната маса ставете хартија за печење. Додајте го тестото и со рацете нежно притиснете го за да обликувате кора. Врз тестото ставете уште една хартија за печење и со сукало исучете кора со дебелина од 6-8 мм. 
  5. Хартијата отстранете ја и ставете ја во тава за печење. Со калап за переци или чаша вадете форми и редете ги во тавата. 
  6. Переците премачкајте го со изматено јајце и наросете ким. 
  7. Печете во загреана рерна на 180 за време од 30 минути. Переците оставете ги да се изладат, а потоа послужете ги. 
брзи переци со сирење

Совети плус:

  • Переците се повкусни наредниот ден по печењето. 
  • Одлучивте ли да го испробате овој рецепт или сакате да побарате и други идеи? – Разгледајте повеќе рецепти на моите профили на Инстаграм – @kocovska.marija и Facebook.
  • Штом ги направите грицките, испратете ми ги фотографиите или споделете ги во групата Сè за храна на Facebook.
брзи переци со три состојки

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Кинеска салата со ориз.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: