Готвиме со Катерина Ш. Спасеновска: Традиционален козињак на 3 начини – месен со миксер

Велигденска радост! Вчерашниот ден го посветив на козињаците, па се препуштив на креативноста и направив 3 различни форми и вкусови. Традиционален козињак, но печен во калап за куглоф, за во средина да може да се стават јајца. Милиброд со мојот препознатлив крем фил од афионово семе, а годинава го подобрив. Него го знаете веќе неколку години наназад и кој 100% ви препорачувам да го пробате, а третиот е чоколаден козињак. На син ми му се брзаше да проба, па ги раскршив уште топли од рерна и ви сликав најбрзо што можев. – срдечно споделува  Катерина Шамбевска Спасеновска, фуд блогер и уредник на sezahrana.mk.

Брзи переци од три состојки

„Превкусни! Овој пат ги разгледав старите рецепти во тетратката и одлучив да го направам брзи переци со три состојки. Како дете се сеќавам дека често ги имаше по детските родендени, па сакав да се потсетам на убавите денови кога се собиравме често и уживавме во игрите.