посни бомбици од палента и маслинки

Посни бомбици од палента и маслинки

Мали вкусни залчиња за големо уживање! За време на постите изненадете го семејството и пријателите со многу брз и едноставен рецепт кој изгледа фантастично добро. Пригответе посни бомбици од палента и маслинки.

Многу се декоративни и се супер предлог за куќните слави и имендени во време на пости. А, плус тоа направени се од здрави состојки кои ќе го обезбедат организмот со хранливи материи. Посно, вегетаријанско, без глутен и здраво!

посни бомбици од палента

Состојки:

  • 1 чаша палента
  • 4 чаши вода
  • хималајска сол по вкус
  • мелен црн пипер по вкус
  • ½ мала лажичка оригано
  • 10 несолени маслинки
  • ½ лажица сончогледово масло
  • 100 грама семки од тиква.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на средно висока температура ставете ја водата да се вари. Штом водата зоврие во тенџерето додајте ја палентата и мешајте со жица за матење додека се згусне, за време од 3 до 4 минути.
  2. Тенџерето тргнете го од огнот и додајте ги маслото, ориганото, посолете по вкус и зачинете со мелен црн пипер. Палентата убаво измешајте ја. Тенџерето покријте го со капак за време од 10 до 15 минути.
  3. Семките од тиква исечкајте ги или истолчете ги.
  4. Маслинките ситно исечкајте ги. Потоа, сечканите маслинки додајте ги во палентата и измешајте.
  5. Со навлажнети раце формирајте бомбици.
  6. Бомбиците валкајте ги во претходно исечканите семки од тиква на ситни парчиња. Готовите посни бомбици од палента и маслинки послужете ги додека се топли или ладни со прилог по желба.

Ви предлагаме да прочитате: 3 причини да јадете семки од тиква.

Сподели: