Време е за посна пица! Засукајте ги ракавите и започнете со подготовка. Рецептот за оваа веге пица со маслинки и печурки ни го испрати Теодора, па со задоволство го споделуваме со вас.

Вкусно за целото семејство! Супер лесен и брз рецепт за популарната италијанска фокача, овој пат во посна варијанта со нашето омилено маслиново масло. Па, доколку сте љубители на медитеранската кујна, вие сте на вистинското место. Подгответе ја нашата посна фокача со маслинки, домати и рузмарин и за миг отпатувајте на некоја песочна плажа со вашите најмили. Ова е вкус кој освојува!
Доколку ви се допаѓа вкусот на маслинките, а истовремено обожавате и лута храна, тогаш ова е вистинскиот избор за намаз. Богатиот вкус на маслинките и пикантна арома од црниот бибер ќе ги исполнат сите ваши сетила. Па, доколку се спремате за пости или едноставно сакате да си подготвите здрав појадок, тогаш домашниот пикантен намаз од маслинки и сончоглед е нешто што мора да го пробате.
Имаме нов супер брз и лесен рецепт за солени стапчиња кој ни доаѓа од кујната на Лана. Овие солени стапчиња со маслинки и кашкавал се полн погодок за сите оние кои ја обожаваат медитеранската кујна, но и за сите останати кои сакаат да грицкаат нешто домашно и вкусно додека го гледаат омилениот филм или спортски натпревар. По желба, секако може да ги направите и со други состојки по сопствен вкус, изборот е ваш, а можностите на комбинации на вкусови се неограничени.
Пролетта е како создадена за прошетки во природа и излети на свеж воздух. Па, спакувајте го ќебенцето и корпата за пикник, направете ги овие вкусни домашни лепчиња со маслинки и посетете ја најблиската ливада и уживајте во прекрасното топло време. Рецептот ни доаѓа од кујната на Лана, а вие знаете дека сите нејзини јадења се вистинско ремек дело.
Од нашата кујна, направено со љубов од внимателно избрани состојки! Здравиот животен стил е наш императив, па се трудиме секојдневната исхрана да ја исполниме со што повеќе интересни јадења кои се добри за здравјето. Да се направи нешто што само е вкусно, лесно е, но да се направи нешто здраво и вкусно е предизвик! Па, предизвикот е остварен и топло ви препорачуваме да го пробате нашето здраво лепче со маслинки, семиња и домати!