posni polzavcinja

Посни полжавчиња со маслинки и домати

Ех, колку сакаме домашни топли кифлички! Посни или мрсни, со фил се превкусни, нели? А сега имаме нов рецепт. Станува збор за посни полжавчиња со маслинки и домати.

Домашни и приготвени во кујната на Невена! Со маслинки, домати и посен кашкавал за екстра вкус и убави моменти со семејството.

посни полжавчиња со маслинки

Состојки:

  • 250 мл топла вода
  • 75 мл (1 мал филџан) масло
  • ½ коцка (20 гр) свеж квасец
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 мала лажичка шеќер
  • околу 500 гр брашно.

За фил:

  • 100 гр сушени домати во масло
  • 10-15 (50 гр) црни маслинки без семки
  • околу 60 гр посен кашкавал
  • по потреба маргарин за одозгора.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги водата и квасецот. Измешајте ги убаво за да се раствори квасецот. Потоа додајте ги маслото, шеќерот и солта. Постепено додавајте го брашното и замесите изедначено, мазно и меко тесто.
  2. Тестото покријте го со најлонска фолија и оставете го да одмори 10-15 минути.
  3. За тоа време подгответе го филот.
  4. Сушените домати извадете ги од маслото на салфетка да се исцедат малку од маслото и потоа исечкајте ги.
  5. Маслинките исечкајте ги на кругчиња, а кашкавалот изрендајте го.
  6. Тестото поделете го на 2 дела. Од едниот дел на работна маса развлечите правоаголна кора одприлика 28х18 см, нанесете половина од филот и завиткајте ролат. Крајот убаво притискајте го со прстите за да се спои со тестото. Ролатот исечете го на парчиња со ширина од околу 1,5 -2 см.
  7. Полжавчињата ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Во сечењето полжавчињата се плескаат, но при редењето во плехот малку ќе им ја вратите округлата форма.
  8. Истата постапка повторете ја и со другата половина од тестото.
  9. Од како ќе ги направите сите кифлички оставете ги да нараснат за време од 10-на минути.
  10. Потоа вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Одозгора врз секоја кифличка ставете по мало парче маргарин.
  11. Ставете ги да се печат околу 20 -25 минути, додека поруменат. Печените посни полжавчиња со маслинки оставете ги кратко да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Полжавчиња од готови кори со спанаќ и сирење.

Сподели: