полжавчиња од готови кори

Полжавчиња од готови кори со спанаќ и сирење

Скоро и да нема таква домаќинка која не сака да направи нешто вкусно за многу кратко време, па токму за тоа зборуваме пријатели! Кога ќе го прочитате рецептов за полжавчиња од готови кори со спанаќ и сирење, ќе знаете дека многу лесно и за навистина кратко време ќе имате супер закуска за сите домашни дегустатори или гости.

Полжавчиња од готови кори со спанаќ и сирење

Состојки:

  • 500 гр подебели готови кори за пита
  • 4 јајца
  • 1 филџан (од 130 мл) топла вода
  • 1 филџан масло
  • 300 мл погуст јогурт
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 250 гр спанаќ
  • 400 гр сирење
  • сусам по потреба

Подготовка:

  1. Јајцата ставате ги во длабок сад и изматете ги со миксер.
  2. Полека во тенок млаз со постојано матење, прво додајте ја водата, а потоа и маслото.
  3. Исклучете го миксерот и додајте ги јогуртот, прашокот за печивото, сирењето и спанаќот (претходно кратко пропржен само колку да омекне).
  4. На секоја кора нанесете од филот, завиткајте во ролат, а потоа формирајте полжавче.
  5. Наредете ги во плех и врз секое полжавче нанесете од переостанатиот фил.
  6. Посипете со сусам и печете ги во загреана рерна на 180 степени додека убаво заруменат.

Откако ќе се испечат оставете ги кратко да се изладат и послужете ги со јогурт. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска

Сподели: