Постот не мора да значи еднолична исхрана! Со малку креативност, посната трпеза може да биде и вкусна и разновидна. Во овој мини готвач ќе најдете 11 рецепти за посни главни јадења – едноставни за подготовка, хранливи и идеални за секојдневие. Од топли чорби и манџи, до печени специјалитети и здрави комбинации – инспирација за сите кои сакаат да готват посно, а сепак вкусно.
Направивме избор на најдобрите и највкусни јадења, а на вас ќе остане да го пронајдете својот омилен вкус, а можеби ќе посакате да пробате и повеќе вкусови. Така, изберете ги оние кои најповеќе ви се допаѓаат, кликнете на насловот, прочитајте го рецептот и збогатете ја трпезата со испробани и вкусни посни домашни оброци.

11 идеи за главно јадење
- Посна и здрава манџа од црвена леќа – од кујната на Марија Кочовска
- Пикантен мексикански ориз
- Киноа бургер – вкусен вегански сендвич
- Посен ориз со спанаќ
- Ориз со печурки
- Посни ќофтиња од компири и ориз
- Зачинет печен карфиол во фурна
- Фалафел ќофтиња од леблебии
- Печени компири на медитерански начин
- Печени компири со лук и рузмарин
- Рестован компир со тиквичка.
