Веге пица со маслинки и печурки

Време е за посна пица! Засукајте ги ракавите и започнете со подготовка. Рецептот за оваа веге пица со маслинки и печурки ни го испрати Теодора, па со задоволство го споделуваме со вас.

Ако во деновите за пости сакате да направите пица, ова веге пица со маслинки и печурки е одличен предлог за вас. Комбинацијата на состојки е одлична, а предност е тоа што може да експериментирате и да ги менувате по ваша желба. Наведенети состојки во рецептот се доволни за три пици, а по потреба, може да ја зголемите количината.

Веге пица со маслинки и печурки

Состојки:

За тесто:

  • 500 г брашно
  • 300 мл млака вода
  • 1/2 свеж или сув квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 мл масло.

За фил:

  • доматно пире
  • свежи пиперки
  • свежи печурки
  • маслинки
  • домати
  • туна (по желба)
  • сусам
  • кромид
  • ротквица
  • рукола
  • оригано и босилек
  • маслиново масло
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Во млака вода растопете го квасецот заедно со шеќерот.
  2. Во подлабок сад ставете го брашното и додајте сол. Направете длабнатина во средината и ставете ги квасецот и маслото. Замесете помеко тесто.
  3. Садот со тестото покријте го со кујнска крпа и оставете го да 30 минути да нарасне.
  4. Потоа, извадете го тестото на набрашнета површина и премесете го. Вратете го во садот и оставете го уште 15 минути.
  5. Во меѓувреме исечкајте ги состојките за филот.
  6. Од тестото формирајте 3 топчиња. На набрашнета површина, секое топче развлечете го во тенка кора.
  7. Тестото за пица ставете го во тава за печење. Врз кората ставете доматно пире, пиперки печурки, маслинки, домати, кромид, ротквица и рукола. Додајте туна по желба и сусам. Постапката повторете ја и со останатите кори.
  8. Пицата ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 10 минути.
  9. Кога пицата ќе биде готова, врз неа ставете оригано, босилок и сол по вкус и прелијте ја со малку маслиново масло. На здравје!

Автор на рецептот: Теодора Георѓиевска (gotvime.so.tea).

Ви препорачуваме да прочитате: Кашел пица со маслинки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: