Одлична идеја за вегетаријанска пица со маслинки. Пробајте го и вие вкусот кој долго се памети, секое залче буди исклучително вкусни сензации кои ги обожаваат и децата и возрасните!

Состојки:
За тесто:
- 0,5 кг брашно
- 1 квасец
- 2-3 лажици масло
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- 250-300 мл вода.
Додатоци (количината ја дозирате по желба):
- кечап
- оригано
- сечкани шампињони (маринирани или свежи)
- сечкани маслинки (околу 20 парчиња)
- кашкавал
- сусам.
Подготовка:
- Најпрво измешајте ги состојките за тестото и замесете го (не е неопходно да се чека квасецот да нарасне).
- Откако тестото е убаво, меко и компактно, растегнете го и ставете го во тава за печење (тавата треба да е поголема за пицата да биде потенка), претходно намрсена и обложена со пекарска хартија, а доколку сакате можете да печите во плех.
- Потоа наредете ги додатоците. Најпрво намачкајте го тестото со кечап, наросете со оригано, наредете ги сечканите шампињони и маслинките.
- На крај додајте го ренданиот кашкавал и наросете со сусам.
- Печете на 220-250 степени, за време од 20-25 минути.
Кашел пица со маслинки е одлична идеја за родендени и прослави и супер е како опција за секојдневен оброк за носење. Нискокалорична е, погодна вегетаријанци, а по желба може да додадете и дополнителни состојки. Најубава е кога е топла, но и ладната Кашел пица со маслинки има извонреден вкус и ќе ви овозможи дегустативно уживање.