капрезе салата со рукола

Капрезе салата со рукола, маслинки и песто

Популарната капрезе салата во нова варијанта и уште подобар вкус! За љубителите на италијанската кујна, оваа капрезе салата со рукола, маслинки и песто ќе им дојде како ново гурманско уживање.  

Инспирирани од вкусот на оригиналната капрезе салата, приготвивме нов рецепт. Наведените состојки се доволни за 2 чинии, а по желба количината може да ја менувате и прилагодите на вашиот вкус. Песто сосот може да го направите дома, по нашиот испробан рецепт.

капрезе салата со рукола

Состојки за 2 чинии:

  • 2 големи свежи домати
  • 200 грама моцарела
  • неколку листови рукола
  • 8-10 маслинки
  • песто сос од босилек.

Подготовка:

  1. Доматите ги сечкаме на кругови со дебелина од околу 5 мм.
  2. Моцерелата исто така ја сечкаме на кругови со дебелина од 5 мм.
  3. Во чинија за сервирање, наизменично редиме парчиња домати и моцарела сирење.
  4. Во средината на чинијата ставаме маслинки и листови рукола. На крај врз салатата нанесуваме песто сос. Уживајте во вкусот на италијанската кујна, на здравје!

Ви предлагаме да прочитате Мини капрезе салата – идеална за свечена трпеза.

Сподели: