Мини капрезе салата – идеална за свечена трпеза

Мини капрезе салата – идеална за свечена трпеза

Домати, моцерела и босилек, тоа се главните состојки на популарната капрезе салата. А овој пат Невена ни предлага интересен начин на служење на мини капрезе салата која ја прави погодна за различни свечени трпези.

Таа вели: „Капрезе салатата подготвена на овој начин, во мини верзија е декоративна која може да се послужи на родендени, имендени или други прослави. Исто така е освежителна, составена од здрави намирници погодни за овој летен период и е одлична идеја де се понеси со себе на плажа. Состојките ги напишав за една чепкалка, а според вашите потреби ќе си ги зголемите.“

мини капрезе салата

Состојки за една чепкалка:

  • 1 мало топче моцарела
  • 1 шери доматче
  • 2 ливчиња босилек.

Подготовка:

  1. Моцарела топчињата и доматите исечете ги на половина. Но ако се помали може да ги оставите и цели.
  2. Ако листовите од босилекот се големи искинете ги во големина, отприлика колку моцарелата или ако се мали оставете ги цели.
  3. На една чепкалка прво ставите половина топче моцарела, лист босилек, шери домат, лист босилек и на крај пола топче моцарела. Тоа е се. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви предлагаме да прочитате: Солени мафини Капрезе.

Сподели: