Доколку имате потреба за брзи и лесни за подготовка лиснати коктел ролнички ние го имаме совршениот рецепт за вас! Интересни и вкусни, имаат привлечен и симпатичен изглед, па со сигурност ќе ги красат вашите празнични трпези и коктел свечености.

Сонце, природа, убава сенка и вкусна закуска се се што е потребно за еден идеален летен ден со друштвото или семејството! Бидејќи сме обожаватели на разните излети во планина, пикник собиранки и уживањето во плажа, направивме мала анкета и споделуваме со вас кои се најчестите омилени грицки и ужинки за совршен ден во природа и на плажа!
Потоплото време нѐ мами да живееме полуксузно. Штом сонцето се појави, сите одиме да ги миеме колите, купуваме тренди парчиња, нови чевли и штикли, наочари и седнуваме во некои од кафулињата каде наместо стандардно пиво – нарачуваме коктел. Чашите во кои се служат најчесто се големи, а на нив стои некое чадорче за коктел или украсна сламка и гранче од некоја билка.
Модерното и декоративно сервирање на храната се повеќе станува навика и секој од нас се труди да направи не само вкусна туку и декоративна трпеза. Погледнете го краткото видео во кое ќе научите интересна вештина и тајна на вештите креатори на храна. Овој пат станува збор за интересна овошна декорација – цвет од мандарина која се поставува врз чашите или поголемите садови за служење на коктели.
Како и обично она што ни го презентира Џејми Оливер е лесно, забавно и интересно, а пред се не постои никаков сомнеж во неговиот резултат. Во ова видео тој ни презентира како можеме сами да направиме најдобар класичен Мохито коктел, кој е еден од најпопуларните во светот. Многу освежувачки, многу симпатичен и уште повеќе едноставен за подготовка.