менхетен коктел

Менхетен коктел

Дали сте пробале менхетен коктел? Тоа е еден од најпопуларните коктел кој потекнува од 1870 година. Традиционално се прави со виски, сладок вермут и битер. Па, време е да дознаеме нешто повеќе за него.

Ментехен е класичен пијалак, кој бил доста популарен во минатиот век. Со текот на годините претрпел многу промени во количинскиот состав. Најпрво се правел со виски од рж, но денес се приготвува со бурбон виски. Често пати во коктелот се додава битер, а тоа е алкохолен пијалак кој содржи растителни екстракти, а сега може да се најдат кај нас како дигестиви. Најлесно достапни дигестиви кои ги има на нашиот пазар се Pelinkovac, Jägermeister, Campari, Aperol… Коктелот се служи со Мараскино цреша – конзервирана цреша засладена со шеќерен сируп, која се користи за гарнирање на коктели.

мехнетен коктел

Состојки:

  • 60 мл бурбон виски
  • 30 мл сладок вермут
  • 3 капки битер – дигестив
  • коцки мраз по потреба
  • мараскино цреша.

Подготовка:

  1. Во чаша за мартини ставете неколку коцки мраз и дополнете со вода.
  2. Во поголема чаша ставете коцки мраз до ¾ од нејзината висина. Во чашата додајте 60 мл бурбоб виски, 30 мл вермут и неколку капки битер. Измешајте со голема лажица.
  3. Водата и мразот истурете ги од чашата.
  4. Со помош на цедилка коктелот исцедете го директно во чашата. Гарнирајте со мараскино цреша и послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Космополитен коктел.

Сподели: