Канапеи мала

Брзи канапеи од леб – од кујната на Марија Кочовска

Креативните рецепти се оние кои ме освојуваат! Да се направи нешто вкусно, а да биде украс на трпезата. Таков е и овој рецепт за солените канапеи од леб! Подготовката ја снимив на видео и може да ја погледнеш во текстот. 

Идеални се за роденденски забави, имендени, матурски и коктел забави… За да ги направиш потребен ти е тост леб од Жито Лукс. Јас користев тост леб XL кој има поголеми парчиња и совршено се вклопува во овој рецепт. А како додаток може да користиш салата по желба. 

канапеи од леб

Состојки:

  • 4 парчиња бел тост леб XL од Жито Лукс
  • 4 листови марулка
  • 3 парчиња чедар кашкавал во листови
  • 4 шери домати исечени на четвртини
  • гранчиња оригано за декорација.
канапеи од леб

Подготовка:

  1. Парчињата леб пресечете ги дијагонално, така што треба да добиете по 2 триаголници.
  2. Потоа исучете ги со оклагија. 
  3. Триаголниците заролајте ги и прицврстете ги со чепкалка. Постапката погледни ја на видеото.
  4. Лебот ставете го во тава обложена со хартија да се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 15 минути. 
  5. Печените лепчиња оставете ги да се изладат. Чепкалките внимателно извадете ги со ротиирање.
  6. Во секое парче леб ставете марулка. 
  7. Чедарот заролајте го, а потоа исечете го на три дела. 
  8. Во секое парче леб ставете од чедарот, а потоа додајте парче домат. Декорацијата завршете ја со гранче оригано. На здравје! 

Совети плус:

  1. Парчињата леб по печењето може да ги премачкаш со крем сирење.
  2. Наместо гранчиња оригано, можеш да искористиш мајчина душица или копар.

И за крај, ако ти се допадна овој рецепт и сакаш да погледнеш повеќе идеи, посети ги моите профили и заследи ме:

канапеи од леб

Ако си во потрага по рецепти за свечената трпеза, погледни ги Солените корпици со крем салата – славски рецепт од Марија Кочовска.

*Рецептот е поддржан од Жито Лукс.

Сподели: