Експресни мезе брускети со домати, босилек и маслинки 1

Експресни мезе брускети со домати, босилек и маслинки

Едноставни и експресни мезе брускети за сите кои знаат да уживаат и да се забавуваат! Поканете го друштвото, набавете пијалаци, наздравете и замезете! 🙂

Ако сте љубители на брускети, прочитајте ги и овие два рецепти: Посен и вегански рецепт за брускети со песто од пиперки и Брускети со телешко месо и печурки.

Експресни мезе брускети со домати, босилек и маслинки 2

Состојки:

  • француска багета или друг леб кој има тесна форма
  • 10-тина листови кашкавал, по потреба
  • 10-тина црни маслинки
  • оригано
  • 4 домати
  • неколку ливчиња свеж босилек.

Подготовка:

  1. Лебот исечете го на парчиња со дебелина од 1 см.
  2. На секое од парчињата ставете кришка кашкавал (со ширина колку што е површината на лепчето),наросете ги со оригано, а потоа наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреaна рерна на 200 степени за време од 15 минути.
  3. Извадете ја тавата и оставете парчињата леб за домашни брускети да се изладат.
  4. Во меѓувреме доматите исечкајте ги на коцки, а босилекот ситно исечкајте го.
  5. Во чинија ставете ги доматите и босилекот, а потоа измешајте ги.
  6. Врз изладените парчиња леб ставете од исечканите домати и послужете се со превкусните домашни брускети.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзо медитеранско мезе од фета сирење.

Сподели: