Брзо медитеранско мезе од фета сирење 1

Брзо медитеранско мезе од фета сирење

Често пати, кога одиме на патувања, веруваме дека и вие, исто како нас сакате да пробате нови нешта. Така во една прилика, замезивме нешто слично. Шетањето, а посебно посетата на рестораните покрај море нуди широки можности. Особено карактеристично е да се проба некое вакво јадење, па инспирирани од пријатните спомени имаме еден предлог за сите вас. На блогот на нашата пријателка Лана, наидовме на еден супер брз и лесен рецепт за медитеранско мезе од фета сирење. Препорачуваме да го пробате!

Состојките се по потреба, па појдете во набавка до највлискиот маркет, соберете го друштвото и наздравете. Од убаво дружење и уживање никому не штети, па еве го рецептот.

Брзо медитеранско мезе од фета сирење 2

Состојки:

  • фета сирење
  • маслиново масло
  • црн пипер во зрно
  • зачини по желба (оригано, рузмарин, босилек)
  • луто пиперче по желба
  • маслинки.

Подготовка:

  1. Фета сирењето исечете го на коцки и ставете го во мала тегличка.
  2. Додајте ги маслинките, црниот пипер во зрно и малку од зачинетото масло.
  3. Прелијте со маслиново масло во поголема количина и добро затворете.
  4. Сирењето може да се користи како засебно мезе, како додаток во салати и други јадења, а исто така можете да го користите и маслиново масло кое ќе има примено убава арома од зачините. Може да се чува на во фрижидер до 1 недела. Послужете се и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Медитеранска салата од запечена фета со домати и црни маслинки.

Сподели: