Летото е создадено за полни чинии радост и бои! Барајќи идеја како да си го разубавиме и измениме секојдневното мени, наидовме на интересна медитеранска салата од запечена фета со домати и маслинки. Па и сервирана со лепче, мерак за душата!
Блогот на нашата пријателка Лана изобилува со разни рецепти, а посебно и ги обожаваме оние кои се креативни, а лесни за подготовка. Така ја избравме и оваа салата, а количината на состојките прилагодете ја спрема вашата потреба.

Може да ве интересира: Италијанска салата со домати и маслинки.
Состојки:
- фета сирење
- помали домати
- црни маслинки
- маслиново масло
- сол и црн пипер по вкус
- листови свеж босилек.
Подготовка:
- Доматите исечете ги на кругови или само преполовете ги доколку се помали.
- Наредете ги во плех за печење, кој претходно сте го обложиле со хартија, а потоа додајте ги коцките сирење и маслинките.
- Сите состојки попрскајте ги со малку маслиново масло, посолете ги и додајте од црниот пипер.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, за време од 15-20 минути. Послужете со препечени лепчиња како лесна закуска, вечера или летен ручек. Уживајте во аромата на медитеранот и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Брза летна салата со домати и сланина.