Уште една гурманска салата за добар ручек или вечера! Овој пат ви презентираме рецепт за италијанска салата со домати, маслинки и моцарела, прелиена во сос од лимон, маслиново масло и оригано.
Италијанска кујна е застапена ширум светот, а нејзините јадења се омилени на многумина. Покрај вкусните пици и тестенини, време е да ја дегустираме оваа италијанска салата. Направете ја и не заборавајте да ни пишете како ви се допаднала.

Состојки:
- 1 средна краставица
- 2 домати
- ½ авокадо по желба
- ½ главица кромид
- ½ чаша каламата маслинки
- ½ мала лажичка оригано
- прстофат црн пипер
- 3 лажици свежо цеден сок од лимета (доколку немате на располагање, заменете со свежо цеден сок од лимон)
- 1 лажица свежо цеден сок од лимон
- 2 лажици екстра девствено маслиново масло.
- 1 чаша сирење моцарела
- свеж босилек за декорација.
Подготовка:
- Краставицата излупете ја и исечете ја на полукругови.
- Доматите исечкајте ги на осминки.
- Авокадото пресечете го на половина, а потоа исечете го на четвртинки. На крај, исечете тенки листови.
- Кромидот исчистете го и исечете го на тенки листови.
- Во длабок сад ставете ги сечканата краставица, доматите, кромидот, авокадото, маслинките и сирењето. Измешајте ги состојките.
- Во друг сад ставете ги сокот од лиметата, лимонот, маслиновото масло, ориганото и црниот пипер. Измешајте ги убаво. Преливот за салата додајте го во длабокиот сад. Измешајте и сервирајте.
- Готовата италијанска салата со домати и маслинки послужете ја со гранче свеж магдонос. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за популарната италијанска салата Панзанела.