Како што вели и самото име, баш е така! Брза летна салата со домати и сланина е секогаш добредојдена во топлите денови. Свежа, хранлива, сочна и примамлива!
Нашата пријалелка Лана од блогот Кuhinjica Мignone е заслужна за нашето уживање во оваа супер салата со домати и сланина, а супер е што може да ја комбинираме со повеќе пијачки по желба!

Состојки:
- неколку парчиња домат
- неколку парчиња сланина исечена на тенки ленти
- листови салатка
- малку црвена зелка
- маслиново масло
- лимонов сок
- сол, црн пипер и лук за зачинување по потреба
Подготовка:
- За оваа салата е потребен споро печен (пржен) домат во малку масло, а по желба може да користите и свежи домати.
- Салатката измијте ја и исечкајте ја.
- Црвената зелка изрендајте ја или издробете ја во вид на лентички со помош на нож.
- Зачинете по вкус со сол, црн пипер, ситно сечкан лук, лимонов сок и маслиново масло, па распоредете ја салатата во чинија за сервирање и на крај распоредете ги парчињата домат и сланина. По желба може да ја запржите малку и сланината.
Тоа е сѐ, уживајте!
Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за познатата шеф салата.