„Ја обожавам затоа што е едноставна, вкусна и лесна за подготовка! – Оваа посна салата со ориз, леќа и печурки е идеален избор за секоја фамилијарна пригода, прослава или можете едноставно да ја искористите како идеја за оброк на работа, затоа што лесно се носи, многу е хранлива и изобилува со корисни состојки.“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.
„Посно, вегетаријанско, здраво и без глутен. Вреди да се проба!“ – додава Катерина, која може да ја следите на инстаграм @katerina.shambevska.

Состојки:
- 400 г леќа
- 400 г ориз
- 300 г маринирани шампињони
- 2-3 чешнина лук
- 1 мала главица кромид
- оригано по вкус
- сол и црн пипер по вкус
- и малку масло.
Подготовка:
- Најпрво исечкајте ги кромидот и лукот, а потоа со малку масло ставете ги во сад на оган да се пржат.
- Откако малку се запржиле, додајте го оризот и заедно пржете ги со повремено мешање.
- Потоа се додава водата и тоа во сооднос 1/2, односно на 1 шолја ориз се додаваат 2 шолји вода.
- Следно се додаваат леќата и вегетата, и заедно се варат, при што важно, пред да ја додадете леќата во садот со оризот, претходно да е малку варена, односно да се остави да врие неколку минути, па да се исцеди од водата и дури тогаш да се додаде во садот со оризот.
- На крај, додајте ги ситно сечканите шампињони и оригано по вкус, измешајте добро и уживајте во одличниот вкус на готовата посна салата со ориз и леќа.
Препорака: Измерете колку шолји добивате од оризот (400 г), за да добиете добар сооднос и густина на состојките/салатата.

Препорaка од авторот:
Ако ја направите и сакате да ве споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми порака. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина.
Автор на рецепт и фото: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.
Ви препорачуваме да прочитате: Брза посна салата за слави.