Во Македонската кујна не може да замисли рецепт за главно јадење без употреба на кромид. Како основа за поголем број јадења или додаток во салати, конзумацијата на овој зеленчук е честа на овие простори. Кромидот припаѓа на фамилијата Alliaceae, род Allium, научно попознат како Allium Cepa.
Богат е со растителни влакна, не содржи масти и холестерол, а калориската вредност на една просечна главица кромид е 40 калории. Претставува добар извор на витамини од групата Б, витамин Ц, пантотенска киселина, хром и сулфурната компонента алил пропил дисулфид која го дава лутиот мирис на кромидот.
Во минатото кромидот често бил употребуван во алтернативната медицина поради неговите антисептични, антибиотски и антимикробни дејства.

Здравствените придобивки од редовното консумирање кромид се:
- Ги намалува алергиите и го штити организмот од заболувања – полифенолите кои што ги содржи кромидот, имаат улога на антиосиданси и го штитат организмот од штетното дејство на слободни радикали, кои се едни од главните причинители на заболувања. Поголем број на истражувања потврдиле дека кверцетинот кој го има во кромидот, ги релаксира респираторните мускули и ја намалува алергиската реакција при астма, спречувајќи ја продукцијата на хистамин.
- Регулација на нивото на шеќер – присуството на хром допринесува за регулација на нивото на шеќер во крвта. Сулфурот го стимулира производството на инсулин и превенира појава на дијабетес.
- Подобрена перисталтика – правилната функција на дигестивниот тракт е помогната од присуството на големата содржина растителни влакна кои се внесуваат преку храната. Кромидот содржи посебен тип на солубилни влакна познати под името олигофруктоза, која го стимулира растот на нормалната цревна флора и превенира појава на дијареа.
- Спиење и расположение – фолатите кои ги има во кромидот помагаат при депресија, спречувајќи создавање на вишок хомоцистеин во телото. Недостатокот на хомоцистеин влијае на производството на серотонин, допамин и норепинефрин, кои помагаат при регулација расположението, спиењето и апетитот.
- Здрава коса и кожа – витаминот Ц е основа за синтезата на колаген со што ја подобрува структурата на косата и кожата.
- Превенција од канцер – зеленчукот од родот Allium благодарение на органосулфурната компонента која ја содржи допринесува за намалување на ризикот од канцер на дебелото црево и простата. Се смета дека тоа се должи на спречувањето на растот на туморите и мутагенезата, како и формирањето слободни радикали.
Текстот го испратил: Марија Трпеска