Астма – причини, симптоми и поврзаност со рак на бели дробови

Астмата е една од најчестите хронични болести кај децата. Над 300 милиони лица низ светот страдаат од астма, плус забележан е пораст на бројот на заболени за 50% за секоја декада во последно. На глобално ниво, има повеќе жени астматичари во однос на мажи, а споредено со непушачи, астмата е повеќе застапена кај пушачите.

Астма е хронично опструктивно воспаление на дишните патишта кое предизвикува проблеми при дишењето. За да се разбере астмата, треба да се знае што се случува кога дишиме. Со секое вдишување, преку носот или устата влегува кислород и минува низ дишните патишта и оди до белите дробови. Што значи, астмата го отежнува дишењето и може да предизвика потешкотии при физичките активности или да ги направи невозможни.

човек со астма 2

Кои се симптомите на астма?

Симптомите на астмата се јавуваат кога слузницата на дишните патишта отекува и мускулите околу нив се стегаат. Најчест симптом е отежнато дишење, а останати симптоми се:

  • Кашлање ноќе, при смеење или вежбање
  • Стегање или болка во градите
  • Недостаток на воздух (диспнеа)
  • Потешкотии во зборувањето
  • Анксиозност и паника
  • Замор
  • Забрзано дишење
  • Чести инфекции
  • Проблеми со спиењето.

Наглото влошување на симптомите на астма се нарекува астматичен напад.

Причини за појава на астма

Иако астмата е особено честа кај децата, многу од нив не развиваат симптоми додека станат возрасни. Може да биде предизвикана од повеќе причини:

  • Генетски фактори
  • Историја на вирусни инфекции
  • Недоволна изложеност на бактерии во првите месеци од животот
  • Здравствена состојба
  • Физичка активност
  • Надворешна средина
  • Алергени
  • Некои лекови.

Астмата може да биде алергиска и неалергиска. Алергиската астма ја предизвикуваат домашни миленичиња, храна, полен, мувла и прашина и е најчесто сезонска, бидејќи е поврзана со сезонските алергии. Неалергиската астма се јавува поради чад, цигари, ладен воздух, загаден воздух, вируси, освежувачи за воздух, средства за чистење, парфеми и сл.

Ако се сомневате дека имате астма, најдобро е да разговарате со лекар пред да земате било какви лекарства или инхалатор. Докторот ќе направи тестови врз основа на кои ќе открие дали имате астма и дали ви е потребна терапија.

Превенција и справување со астма

  • Избегнување на причинителите
  • Намалување на изложеност на алергени
  • Алергиска имунотерапија
  • Превентивна терапија со лекови
  • Здрава исхрана
  • Откажување на цигарите
  • Редовна умерена физичка активност
  • Избегнување на стресни ситуации.

Лицата кои страдаат од астма, најчесто користат инхалатор.

Како астмата предизвикува рак на белите дробови?

Истражувањата покажале дека хроничното воспаление на белите дробови поради астма, проследено со други фактори, може да биде основна причина за појава на рак на бели дробови. Лицата кои имаат астма, имаат за 44% поголем ризик од појава на рак на бели дробови, без разлика дали се пушачи или не, мажи или жени.

Намалување на ризикот за развој на рак на бели дробови кај астматичари

Правилната терапија и редовната посета на пулмолог се од клучна важност за одржување на болеста под контола. Астматичарите кои се под поголем ризик, би требало да ги следат следните препораки:

  • Откажете ги цигарите
  • Избегнувајте простории каде се пуши
  • Внимавајте на изложеноста на хемикалии
  • Запознајте ги ризик факторите
  • По потреба правете рентген на бели дробови.

Наша препорака за полесно справување со астмата:

Додатоците во исхраната се секогаш добредојдени за олеснување на симптомите на астма. Па, од достапните на нашиот пазар ги препорачуваме:

  • N-Acetyl Cysteine (NAC). N-Acetyl Cysteine е стабилна форма на неесенцијалната аминокиселина цистеин. Тоа е аминокиселина која содржи сулфур која делува како стабилизатор за формирање на протеинските структури, а исто така е неопходна и за формирање на глутатион. Молибден и селен се основни минерали во трагови кои го олеснуваат производството на неколку важни ензими. NAC штити од слободни радикали и помага во одржување на клеточното здравје.
  • Omega-3. Концентратот од природно рибино масло на NOW е произведен под сторги стандарди за контола на квалитетот. Тестиран е дека не содржи штетни нивоа на загадувачи. Omega-3 не содржи холестерол.
  • Bromelain. Бромелаин е протеолитички ензим добиен од стеблото на ананас, кој има протеински дигестивни својства.
астма nac

За да го нарачате некој од производите, посетете ја онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Исто, може да ги купите и од сите подобро снабдени аптеки. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 симптоми кои сигнализираат заболување на белите дробови.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: