Хормоналната рамнотежа е клучот за здравје и виталност на жената

Хормоналната рамнотежа е клучот за здравје и виталност на жената, a и огледало на животниот стил. Токму затоа, здравјето на жените денес е сè повеќе насочено кон спречување на предвремено стареење, продолжување на животот и спречување на болести преку балансирање на хормоните. Во продолжение на текстот дознајте зошто е тоа така.

Хормоните се фактори кои ги контролираат сите физиолошки процеси во организмот, од регулирање на метаболизмот, активирање на имуниот систем, па до менструалните циклуси и репродукцијата. Поради тоа, секоја нерамнотежа на хормоните негативно влијае на здравјето и нормалното функционирање на организмот.

Хормоналната рамнотежа е клучот за здравје и виталност на жената

Хормонските вредности растат и опаѓаат во различни фази од животот. Во младоста доминираат анаболните хормони (инсулин), а во староста, хормоните на деградација (катаболни хормони – кортизол). Одложувањето на стареењето всушност значи ограничување на кортизолот или „разградување“ на телото.

Што може да предизвика хормонална нерамнотежа?

Во денешно време, нерамнотежата на хормоните е многу честа појава, особено во градовите, каде што има повисоко ниво на загадување на животната средина. Покрај надворешните влијанија, на нивото на хормоните силно влијание има и стресот, лошата исхрана, нечистата вода, несоодветниот и недоволен сон и физичката неактивност.

Покрај тоа, природни фактори кои можат да влијаат на нивото на хормоните се менструалниот циклус, бременоста и менопаузата. Други фактори кои не треба да се заборават се апчиња за контрацепција и лекови за замена на хормони, кои многу почесто ќе ве исфрлат од рамнотежата на вашите природни хормони.

Главните симптоми за недостаток или вишок на хормони вклучуваат:

  • Нагло зголемување или губење на тежината без промена на навиките во исхраната
  • Нередовен менструален циклус
  • Несоница
  • Замор
  • Главоболка
  • Намалено либидо
  • Губење на косата
  • Депресија.

Симптомите на хормоналната нерамнотежа често не се забележуваат при тестовите на крвта, снимките со рендген, ултразвук и наодите од магнетна резонанца, а во исто време се чувствуваат и го попречуваат секојдневниот живот. Од голема важност е да се открие причината за нарушувањето и да се врати рамнотежата на хормоните. На тој начин, ќе спречите појава на одредени заболувања на срцето, тироидната жлезда и црниот дроб, депресија, лош сексуален живот, појава на дијабетес и метаболички синдром.

Урамнотежувањето на хормоните бара индивидуален пристап во промена на исхраната, прилагодување на физичката активност, квалитетен сон и одмор и употреба на одредени додатоци во исхраната. А, секогаш кога станува збор за препорака на додатоци, без двоумење бараме помош и се консултираме со Д-р Нела Деспотовска, на која сме и благодарни за несебичното споделување на сите совети и корисни информации. Од разговорот со неа на оваа тема, извојуваме листа на корисни додатоци кои помагаат за справување со дисбалансот и враќање на хормоналната рамнотежа и тоа:

Магнезиум за општ баланс

Недостатокот на овој минерал може да го надополните со зголемување на внесот на храна богата со магнезиум. Но, често се случува исхраната да не е доволна за регулирање на нивото на магнезиум во телото, па е потребно да се внесе како додаток на исхраната. Дневните потреби од магнезиум изнесуваат околу 375 милиграми. Притоа, кога се зема во вид на додаток на исхраната, треба да се внимава во кој облик се зема. Ако се користи во облик на магнезиум оксид, тогаш ќе биде слабо искористен во организмот. А, ако се зема во вид на цитрат, во тој случај, организмот ќе го искористи магнезиумот максимално. Magnesium Citratе e додаток во исхраната кој ја поддржува срцевата активност и спречува аритмии. Од нашите истражувања и вашето позитивно искуство, од додатоците во исхраната достапни на нашиот пазар, ние ги препорачуваме  Magnesium Citrate таблетите и Magnesium Citrate меките капсули на Now FoodsMagnesium Citrate на Now Foods значително помага за нормално функционирање на нервниот систем, мускулната функција и за регулирање на хормоналната рамнотежа. Може да го купите или повеќе да прочитате тука, да се информирате во поголемите аптеки или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

камен во бубрези

Цинк за клеточна заштита

Бидејќи телото природно не произведува цинк, мора да го внесувате преку храната или преку додатоци во исхраната. Од додатоци кои се достапни кај нас ви го препорачуваме L-OptiZinc® од Now. L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселината метионин. Овој производ подобро се апсорбира и се задржува подолго во споредба со други тестирани форми на цинк.

Предности на L-OptiZinc:

  • супериорна апсорпција и задржување
  • супериорни антиоксидативни својства
  • супериорна клеточна заштита
  • здрав вид и нормална когнитивна функција
  • здрава кожа, коса и нокти.

L-OptiZinc® може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс, а доставата е бесплатна. Овој додаток на исхраната е достапен и во поголемите аптеки низ земјата.

Aшваганда за регулирање на хормоните

Бидејќи оваа билка не се одгледува кај нас, единствен начин да ги искористите нејзините придобивки, е да ја земате во вид на додаток на исхраната. А, како таков производ, ја препорачуваме Ashwagandha од NOW. Ашвагандата може да ја нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава. А, може да ја најдете и во повеќето аптеки низ земјава. NOW Ashwagandha ја препорачуваме затоа што:

  • му помага на организмот да се прилагоди на привремен нормален стрес
  • го поддржува здравиот имунолошки систем
  • го намалува стресот и заморот
  • помага при анксиозност, вознемиреност, депресија
  • ги елиминира слободните радикали
  • претставува стандардизиран екстракт
  • го регулира нивото на хормони
  • го јакне организмот.

Мака за баланс на хормоните, зголемена плодност и либидо

Овој корен со сладок вкус потекнува од Јужна Америка и може да се најде во жолта, црвена или црна боја. Според легендата, Инките на своите воини им давале прав од корен од мака за да ја зголемат нивната сила и издржливост. Маката долги години се користи за:

  • подобрување на симптомите при замор на надбубрежните жлезди
  • одржување на здраво либидо
  • подобрување на расположението
  • подобрување на плодноста
  • ја поддржува здравата функција и поврзаноста на жлездите (хипоталамусот, хипофизата и надбубрежните жлезди), кои имаат главна улога за справување со стресот.
мака

Препорака плус:

Секогаш при користењето на додатоци во исхраната, изберете докажани компании чии производи имаат висок квалитет. Како такви, можеме да ги посочиме Now Foods, а голем дел од нивниот асортиман, како што се погоре спомнатите додатоци може да се најдат на онлајн продавницата на Тримекс и во поголемите аптеки. За дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Причини за прекумерното потење после четириесеттата година.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржан текст.

Сподели: