Забележуваш дека косата ти опаѓа и со текот на времето е поретка? – Дали знаеш дека дури две третини од мажите на возраст до 30 години се соочуваат со опаѓање на косата? Но, и жените се соочуваат со проблеми на опаѓање на косата, особено по 40-тата година. Кои се најчестите причини за опаѓање на косата и што може да направиме за да си помогнеме? – На оваа тема поразговаравме со д-р Нела Деспотовска.