Д-р Нела Деспотовска советува: Причини за прекумерното потење после четириесеттата година

Имаш проблем со прекумерно потење? Често ти се случува да се препотиш и кога не е жешко? Познаваш блиски кои имаат ваков проблем?  – Читај го овој текст до крај и дознај многу корисни информации за тебе и твоите блиски. Потењето е нормална реакција на организмот на топлина и здрав процес за подобра функција на организмот. И не само тоа, преку потењето, телото се лади и ги исфрла токсините, што е есенцијално важно гледано на долг рок. Но, ако станува збор за прекумерно потење во подолг временски период, потребно е да се испита дали е можен здравствен проблем кој треба да се третира, или само е привремена нелагодност која е нормална појава. Еве што дознавме од нашето истражување и разговорот со Д-р Нела Деспотовска.

Ако сте жена и навлегувате во перименопауза, нема да ви е многу чудно, бидејќи за жените е можно во тој период да започнат да доживуваат хормонални осцилации. Зависно од повеќе фактори, ова може да се појави во кое било време после четириесеттата година. Но, важно е да се напомене дека, причините за ноќно потење не секогаш се базираат на хормони, што важи и за мажите и за жените. Постојат и други причини кои може да доведат до прекумерно потење. Па, во продолжение ви издвојуваме неколку причини за прекумерното потење со акцент после четириесеттата година.

прекумерно потење

Лековите што ги користите имаат несакани ефекти

Постојат голем број на лекови кои можат да влијаат на прекумерно потење. Лекови против болки, лекови за срце и крвен притисок, некои антидепресиви…, се само дел од медикаментите кои можат да предизвикаат прекумерно потење.

Дијабетес и промени на нивото на шеќер во крвта

Нискиот шеќер во крвта е една од најчестите причини за потење, а склоноста е поголема со одминувањето на годините и приближувањето кон староста. Ако не вежбате доволно и ако имате масни наслаги во делот околу половината, тогаш постои поголема шанса да станете резистентни на инсулин и да развиете дијабетес тип 2.

Проблеми со тироидната жлезда

Хипертироидизмот (хиперактивна тироидна жлезда) го забрзува метаболизмот и може да придонесе за забрзано губење на тежината, неправилно чукање на срцето и прекумерно потење. Нарушувањата на тироидната жлезда започнуваат кога жената се приближува педесет години и може да предизвика симптоми слични на симптомите на менопауза.

Инфекции

Инфекциите не мора да бидат очигледни. Постојат случаи кога некој може да има туберкулоза и да не знае за тоа, а потењето може да е знак кој манифестира инфекција.

Иако е многу редок, остеомиелитисотвоспаление на коските, може да има влијание и да предизвика прекумерно потење, посебно ако е зафатен ‘рбетот или карлицата кај возрасните.

Бактериските инфекции исто така може да предизвикаат ендокардитис (воспаление на срцевиот залисток), а ноќното потење е чест симптом на оваа болест.

Нарушувања на спиењето

Нарушениот и прекинат сон исто така можат да влијае врз интензитетот на потењето. Ако често во сон забележите дека прекумерно се потите, може да е знак на апнеа при спиењето, односно нарушување кое доведува до опструкција на дишните патишта за време на спиењето и забавување (а во некои случаи и прекин) на дишењето. Иако ова нарушување е почеста појава кај мажите отколку кај жените, ризикот од развој на апнеа кај жените се зголемува како што стареат, односно како што се приближува жената до менопаузата.

Рак

Во ретки случаи, ноќното потење може да биде ран знак на лимфом. Други симптоми се отечени лимфни жлезди, губење на тежината, болка во градите и проблеми со дишењето. Ако забележите нешто од горенаведеното, задолжително посетете лекар!

Додатоци во исхраната кои се корисни при прекумерно потење и при менопауза

Ашваганда – за намалување на топлите бранови во менопауза

Ашваганда е билка која многу се користи во Ајурведата. Позната е како адаптогена билка, која му помага на организмот полесно да се прилагоди на привремениот стрес, го јакне и штити целиот организам. Постои студија, која потврдила дека ашвагандата помага за намалување на топлите бранови кои се јавуваат во менопауза, а позитивен ефекти има и при:

  • Главоболки
  • Промени на расположението
  • Депресија
  • Иритабилност
  • Несоница. 

Дознај повеќе за:  Ашваганда за поздрав организам и намалување на стресот.

ашваганда

Rhodiola – златен корен со бројни придобивки, корисна за жените во менопауза

Жените во менопазуа се соочуват со различни симтоми како што е пад на енергијата, лошо расположение, намалена конгитивна функција, меморија и прекумерно потење. Во тој период се зголемува ризикот од кардиовасуларни заболувања, остеопороза и карцином. Позната по тоа што го штити здравјето на нервниот и кардиовасуларниот систем, има антиоксидативен и антиканцероген ефект, Rhodiola помага за подобрување на симптомите при менопауза: зголемување на енергијата, подобрување на расположението, конгитивната функција и меморијата.

Може да ве интересира: Rhodiola – „златен корен“ како природна помош при стрес.

родиола

Витамини

Минерали

  • Цинк – важен за апсорпција на Б витамините
  • Магнезиум – за ацидобазна рамнотежа
  • Калциум – за регулирање на температурата на телото.  

Други додатоци кои влијаат против прекумерно потење

Споменатите додатоци на исхраната може да ги набавите преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава, а ги има и во поголемите аптеки низ земјава. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Важно: Овој текст не дава точна медицинска дијагноза и не треба да се потпирате на истиот за сами да донесувате заклучоци. За било каков здравствен проблем, обратете се кај својот лекар за конкретен совет за вашето здравје.

Користени истражувања:

1. Clinical evaluation of Ashokarishta, Ashwagandha Churna and Praval Pishti in the management of menopausal syndrome

2. Pause menopause with Rhodiola rosea, a natural selective estrogen receptor modulator

Ви препорачуваме да прочитате: 4 намирници кои го намалуваат прекумерното потење на природен начин.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: