Ашваганда 1

Ашваганда за поздрав организам и намалување на стресот

Во последните години, голем дел од светската популација се бори со разни здравствени проблеми, меѓу кои е и стресот. Стресот доведува до создавање на слободни радикали кои се причина за поголемиот број на болести. За нивно неутрализирање, ослободување од стрес, превенција од разни болести и за здрав организам, потребен е внес на корисни намирници. Една од тие корисни намирници е и билката чие име е ашваганда.

Сте слушнале за ашваганда? Знаете ли за што сѐ е корисна? – Сигурно веќе станавте љубопитни. Па, ајде да дознаеме повеќе за тоа што е ашваганда и кои се здравствените придобивки од нејзина консумација.

Ашваганда 2

Што е Ашваганда?

Ашваганда е грмушка со средна големина која достигнува најмногу 170 цм висина и дава мал црвен плод. Расте во топли климатски услови, а потеклото и е од североисточниот дел на Индија. Уште се нарекува зимска цреша или индиски жен шен. Нејзиното име во буквален превод значи „мирис на коњ” (ashwa – коњ, gandha – мирис). Името го добила по тоа што се сметала за билка која дава виталност и сила на коњ. Ашвагандата се користела во Индија уште пред 1000 години како тоник, за подмладување на организмот, против стрес и како афродизијак. Ашваганда е билка која многу се користи во Ајурведа, традиционалниот хербален систем во Индија. Во тој систем, таа е една од најпознатите билки која припаѓа во категоријата на билки за подмладување. Оваа моќна билка му овозможува на организмот полесно да се прилагоди на привремен нормален стрес и го јакне и штити целиот организам.

Здравствени придобивки од ашваганда

Го намалува стресот

Ја зголемува отпорноста на стрес и замор, а исто така помага при хроничен замор. Делува смирувачки на ендокриниот, кардиоваскуларниот и централниот нервен систем. Се користи за ублажување на стрес, анксиозност и несоница. Влијае на подобрување на состојбата на различни невродегенеративни болести како што се Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Ја стимулира работа на мозокот, го подобрува помнењето и концентрација. Се користи за ревитализација на мозокот кај лица со Алцхајмерова болест и лица со проблеми со помнењето.

Го подмладува организмот

Во ајурведата, ашвагандата се користи како тоник за виталност и долговечност. Ја зголемува издржливоста и силата на организмот. Претставува антиоксиданс бидејќи успешно се бори со слободните радикали и го успорува процесот на стареење на организмот.

Служи за подобрување на здравјето на кардиоваскуларниот систем

Го чува срцето така што ја стимулира неговата работа. Ги намалува холестеролот и триглицеридите. Се препорачува на лица со висок крвен притисок. Ја подобрува циркулација на крвта.

Поволно влијае на репродуктивните органи

Ашвагандата е позната како афродизијак. Го зголемува либидото кај мажите и жените. Го подобрува квалитетот, подвижноста и бројот на сперматозоидите кај мажите. Ги балансира машките полови хормони. Позитивно влијае во регулирање на проблемите со машката неплодност. Ја стимулира работа на женските репродуктивни органи, намалува воспаление и ја зголемува плодноста. Го јакне сексуалниот потенцијал.

Ашваганда за силен имунитет, контрола на хормоните и подобра дигестија

Го јакне имунитетот и ја зголемува отпорноста на организмот кон инфекции, го штити организмот од вируси, бактерии и паразити. Корисна е за ендокриниот систем затоа што содржи алкалоиди ефикасни за нормализирање на нивото и работата на хормоните во организмот.  Го поттикнува апетитот, ја подобрува дигестијата и помага при грчеви во желудникот.

Се препорачува при проблеми со коските и респираторниот систем

Ги зајакнува белите дробови, ја смирува кашлицата и алергиските реакции. Погоден е за лица кои страдаат од астма и белодробни болести. Поседува антивоспалителни својства кои ја прават ефикасна во лекување на артритис и други ревматски болести. Ги намалува воспалението, отокот и болката во зглобовите.

Антиревматик – поседува антивоспалителни својства, поради што е ефикасна во лекување на артритис и други реуматски болести, намалува воспаление, отеченост и болка во зглобовите.

Други придобивки од ашвагандата се:

  • делува како седатив – го опушта организмот
  • ја зголемува енергијата
  • се прилагодува на секој организам индивидуално – адаптогена билка
  • корисна кај деца кои слабо добиваат на тежина
  • го јакне мускулниот тонус и го намалува воспалението на мускулите – погодна за спортисти
  • се препорачува при хиперактивност на деца и возрасни
  • ги ублажува симптомите на автоимуни болести како ревматоиден артитис и остеоартритис
  • антиканцероген ефект – се користи за превенција и лечење на рак
  • поволно влијае на кожата, особено при ензема, лузни и псоријаза.

Препорака од нас

Ашвагандата сега е достапна и кај нас. Нашите пријатели Тримекс имаат нов производ добиен од екстракт од оваа билка. Пакувањето содржи 90 капсули од по 450 mg. Се препорачува да се зема 1 капсула 2 до 3 пати дневно и да не се надминува препорачаната доза. Ашвагандата од Now е:

  • стандардизиран екстракт
  • ајурведска адаптогена билка
  • елиминатор на слободните радикали
  • поддршка на имунолишкиот систем
  • вегетеријански/веган производ
  • кошер
  • без ГМО

Ашвагандата од NOW може да ја користите за подобрување на здравјето, ослободување од стрес, зајакнување на имунитетот, поради било која причина која го нарушува вашето здравје или ако едноставно сакате да се подмладите. Ашвагандата ја има во повеќето аптеки низ земјава, а може да ја нарачате и од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна.

Производот е наменет само за возрасни. Не се препорачува за бремени жени и доилки. Консултирајте доктор доколку земате лекови или имате некаква медицинска состојба (особено гастроинтестинални состојби, вклучувајќи чир). Овој производ може да предизвика дигестивни вознемирувања кај некои чувствителни индивидуи. Ако имате било каква гастроинтестинална непријатност после користењето на овој производ, прекинете ја употребата.

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk

Ви препорачуваме да прочитате: L-Lysine против стрес, херпес, брчки, лузни и остеопороза.

Следете ја sezahrana.mk и на и  Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: